Парагвај - Венецуела во второто полуфинале на „Копа Америка“

Репрезентациите на Парагвај и Венецуела ја сочинуваат втората полуфинална двојка на јужно-американското фудбалско првенство што се одржува во Аргентина. Ова е епилогот по одигрувањето на двата четвртфинални натпревари во кои Парагвај беше подобар од Бразил, а Венецуела го совлада Чиле.

До место меѓу четирите најдобри на „Копа Америка“, Парагвај синоќа во Ла Плата стигна по победата над актуелниот шампион Бразил. Победникот беше решен по изведувањето на пенали, откако по 120 минути игра на натпреварот не беше постигнат гол.

Бразилците ги промашија сите четири изведени удари од белата точка, па на Парагвај му беа доволни само два реализирани пенала за пласман во следната фаза. Кај „кариоките“ промашија Елано, Тиаго Силва, Андре Сантош и Фред, а за Парагвај не погоди Едгар Барето. Двата гола за победникот ги постигнаа Мерсело Естигарибиа и Кристијан Риверос.

Еднинствениот четврфинален натпревар кој не беше решен на пенали се одигра во Сан Хуан и него го доби селекцијата на Венецуела која со 2:1 го совлада Чиле. Стрелци на головите за Венецуела беа Освалдо Вискарондо (34.минута) и Габриел Сичеро (80.минута), додека голот за Чиле го постигна Умберто Суазо (69.минута).

Денеска и утре се слободни денови на првенството, а првиот полуфинален натпревар меѓу Уругвај и Перу ќе се одигра ноќта вторник спрема среда во 2 часот и 45 минути по македонско време. Во истиот термин ден подоцна односно четврток наутро е второто полуфинале меѓу Парагвај и Венецуела.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...