Шкендија елиминирана од Лигата на шампоните

Фудбалерите на Шкендија се елиминирани во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите, откако синоќа на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје и во реваншот загубија од белградски Партизан со 1:0. Стрелец на победоносниот гол за „црно-белите“ беше Владимир Јованчиќ во 68.минута, откако четири минути претходно влезе во игра на местото на Едуардо.

Со вкупни 5:0 за Партизан, првакот на Србија избори пласман во следната рунда каде за противник ќе ја има екипата на Генк од Белгија. Тимот на Партизан минатата сезона беше учесник во групната фаза од Лигата на шампионите. 

Најубедливата победа на натпреварите одиграни во текот на вчерашниот ден ја постигна финскиот шампион ХЈК кој со 10:0 ја совлада екипата Бангор Сити. Финците победија и на првиот дуел на гостувањето во Велс со 3:0.

На другите натпревари од второто коло од квалификациите од Лигата на шампионите беа постигнати следниве резултати: Флора - Шамрок 0:0 (0:1 вкупен резултат), Дуделанж - Марибор 1:3 (1:5), Тобол - Слован Братислава 1:1 (1:3), Нефчи - Динамо Загреб 0:0 (0:3), Екранес - Валета 1:0 (4:2), БАТЕ Борисов - Линфилд 2:0 (3:1), Литекс - Могрен 3:0 (5:1), ХБ Торшван - Малме 1:1 (1:3), Плзен - Пјуник 5:1 (9:1), Висла Краков - Сконто 2:0 (3:0).

Вечерва се играат уште пет реванш натпревари по кои ќе се комплетира 2.коло. Двојките се: АПОЕЛ - Скендербеу (2:0 прв натпревар), Дачиа - Зестафони (0:3), Видеотон - Штурм (0:2) , Борац - Макаби Хаифа (1:5) и Бреидаблик - Розенборг (0:5).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...