Парагвај преку пенали во финалето

Репрезентацијата на Парагвај е вториот финалист на годинашново издание на „Копа Америка“ откако рано утрово по македонско време во Мендоза ја совлада Венецуела по изведувањето на пенали – 5:3.

По 120 минути натпреварот заврши 0:0, а Парагвај по вторпат откако и Бразил во четвртфиналето го совлада на пенали стигна до триумф од белата точка. Во серијата удари од 11 метри голманот на Парагвај Жусто Виљар во третата серија го одбрани ударот на Франклин Лукена што беше решавачко бидејќи сите пет изведувачи за Парагвај беа прецизни, а последниот го реализираше Дарион Верон.

Венецуела пропушти да се пласира во финалето што ќе беше нивни најголем успех иако и пласманот во полуфиналето е најдобриот резултат на оваа селекција на ова натпреварување. Во текот на натпреварот фудбалерите на Венецуела во неколку наврати ја погодија рамката на голот на Виљар, а им беше поништен и еден гол.

Финалето на јужно-американскиот фудбалски шампионат што се игра во Аргентина меѓу Уругвај и Парагвај е закажано за в недела на 24 јули во Буенос Аирес. Дуелот за 3.место меѓу Перу и Венецуела ќе се одигра ден порано во Ла Плата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...