Ново обвинение за Анжи за местенка

Ги обвинуваат дека го наместиле мечот против Терек - Ето со еден од колегите од Анжи

Нерешените 2:2 на Анжи против Терек предизвикаа нови сомнежи во Русија дека одново се местат натпревари во рускиот шампионат, па овој меч веќе се истражува.

Ова не е првпат еден меч од Русија да биде ставен на тапет за местење на средби, но сосема е јасно дека во овој шампионат има големи проблеми.

Иако средбата донела голем број на шанси за постигнување на погодоци, сепак, некои истакнати фудбалски стручњаци сметаат дека имало нечесни игри.

Еден од поранешните руски репрезентативци, Александар Бубнов вели дека ќе бара потполна истрага од Руската фудбалска федерација и казни за учесниците во местени средби. Тој во моментов работи како коментатор и аналитичар во ТВ станица во Русија така што останува да се види што ќе излезе од целата ситуација.

"Тоа не беше фудбал туку ефтина комедија. Начинот на кој беа постигнати головите и како Анжи играше во одбраната го немам видено никогаш досега на фудбалските натпревари. Нивото на борбеност, стартовите и емоционалната состојба на фудбалерите на Анжи беше на неколку нивоа пониско од вообичаеното. Затоа нивните навивачи им свиреа на крајот од натпреварот", вели Бубнов.

Иако Анжи има одлични фудбалери во тимот како Ето и Жирков, сепак, некои работи се забележливи и од "далеку". Веројатно постојат неколку средби за кои постојат сомнежи дека има нечесни игри. Се уште не е расветлен случајот кога Анжи победи со резервниот состав на мечот против Локомотив така што истрагата продолжува, а на Анжи не му се пишува ништо добро доколку ова се повтори уште еднаш.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Волку, згрешивте со една буква.
Требаше да ме ИЗЕДИТЕ!!!
(трудна црвенкапа)
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1607.- Капетан Џон Смит со група војници...
1792.- Роден е италијанскиот свештеник Џовани...
1795.- Во Кабеларево е роден Павел Јозеф...
1809.- Трупите на францускиот цар Наполеон Први...