ПСЖ го зема Тевез

Раководството на ПСЖ е подготвено да направи голем трансфер во јануарскиот преоден рок, а фудбалерот кој би требало да пристигне во Париз е проблематичниот Карлос Тевез. Веќе е позната и сумата која ќе се понуди на Манчестер Сити за играчот кој во моментов е суспендиран, а се зборува дека тоа ќе биде понуда од дури 34 милиони фунти што секако е многу ако се знае дека тимот од Англија веќе не смета на услугите на Аргентинецот.

Според последните информации директорот на ПСЖ, Леонардо по секоја цена сака во своите редови да го види Тевез. Потребно е да се има уште еден квалитетен играч во нападот кој ќе може заедно со Гамеиро да биде опасност за секој противнички голман.

И покрај овие информации за заинтересираноста на ПСЖ за Тевез, сепак, она што во моментов е јасно е дека Аргентинецот во јануари дефинитивно си заминува од Манчестер. Се друго барем засега е само шпекулација или најава за она што би можело да се случи.

Покрај ПСЖ во трката за Тевез е вклучен и Анжи од Русија, кој е решен и понатаму да собира големи имиња на светскиот фудбал. Воедно се очекува обид да направи и Реал Мадрид бидејќи Тевез е играч кој е посакуван од Мурињо. Затоа останува да се почека јануари и да се види како ќе се одвиваат работите со трансферот на Тевез. Јасно е дека постои голем интерес за него и покрај тоа што важи како многу проблематичен играч на кого му е потребно малку да влезе во конфликт со тренерот.

Како што е познато проблемите меѓу Тевез и Манчини почнаа на дуелот од Лигата на шампионите против Баерн Минхен. Тој беше меѓу резервите и кога беше повикан да влезе во игра одби, па затоа сега е суспендиран и е во исчекување на одлуката на клубот околу неговата иднина односно очекува да види каква ќе биде ситуацијата со него до јануари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...