Без Пандев и Ибраими, но и без неповиканите Ристиќ и Наумоски, кој исто така поради повреда го одби дополнителниот повик, Македонија против "напалените" Ерменци ќе треба да бара "лек" за неефикасноста

Како да се дојде до гол!?

Кога и фудбалерите од средниот ред но со главно дефанзивни задолженија на теренот, кога и одбранбените фудбалери па дури и голманите во тимот целокупната концетрација на интерните меѓусебни разговори ја насочуваат кон тоа како да се даде гол, тогаш сосема е јасно која е најголемата "болка" на македонската репрезентација во очекување на последните два квалификациски натпревари за пласман на ЕП 2012 против Ерменија и Словачка.

Националите и по вчерашното пристигнување во Ереван пред утрешниот натпревар од 17 часот на стадионот "Република", со мислите главно кон тоа како да се подобри ефикасноста како единствен начин за стигнување и до подобри резултати... Сепак, без Пандев и Ибраими кои откажаа поради повреди, но и без неповиканите Ристиќ и Наумоски, кој исто така поради повреда го одби дополнителниот повик, Македонија е свесна дека против "напалените" Ерменци ќе треба добро да се намачи за да најде "лек" за неефикасноста.

"Јас сум последен играч за врска, главно со задолженија за деструкција на противничката игра, но сигурно еднакво како тим мора да размислуваме за подобрување на реализацијата. Искрено верувам дека ќе го подобриме и тој сегмент во играта, иако сигурно ќе биде тешко", ни изјави капитенот Величе Шумуликоски веднаш по пристигнувањето во хотелот "Голден" во центарот на Ереван. На неговото се надоврзува размислувањето и на стоперот Ванче Шиков.

"Знаеме дека головите некако остануваат нашиот проблем на официјалните квалификациски натпревари. Но, искрено се надевам дека против Ерменија сега а потоа и против Словачка ќе успееме да ја поправиме ефикасноста", вели Шиков.

Шумуликоски нагласува дека сигурно ќе треба максимален ангажман на целиот тим за да се надмудрат офанзивните, силно мотивирани Ерменци, но потенцира исто така дека секој поединец во македонскиот состав има мотив за тоа.

"Без разлика што за нас резултатски натпреварот ништо не значи знаеме дека секоја добра игра и резултат одекнуваат позитивно пред подготовките за новиот циклус. Ние сакаме и победа во Ереван иако патуваме ослабени. Домаќинот силно за загрева за триумф против нас со оглед на тоа дека тоа им дава шанси за пласман на ЕП. Факт е дека ќе биде тежок натпревар, но исто така знам дека ние играме најдобро токму кога е најтешко. Навистина ни се потребни два позитивни резултати на крајот од овие квалификации. Треба да ја искористиме еуфоријата која владее во Ерменија пред овој натпревар, и да ја трансформираме во наша полза", истакнува Шумуликоски.

Како и да е, за да се дојде до позитивен резултат, во секој случај покрај погодоците ќе треба и одбрана на нашата мрежа...

"Мислам дека тоа можеме успешно да го завршиме. Селекторот Тошак подготвува нов систем на игра, кој верувам ќе вроди со плод", вели дефанзивецот Шиков, притоа дополнувајќи:

"Што се однесува до Ерменија покажа во овие квалификации дека е квалитетен тим. Одлично играа и во Скопје, но и на сите квалификациски натпревари во групата. Сигурно со огромна поддршка од трибините ќе сакаат да дојдат до триумф. Но, нас тоа не не засега. И ние имаме свои мотиви. Кога се игра во националниот дрес секако резултатот е важен. Сакаме и со добри игри и резултати да се создаде и позитивна клима за следниот квалификациски циклус. Секој е желен за докажување пред новиот селектор, па верувам дека нема да разочараме и овде во Ереван", истакнува Шиков.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил еден ден малиот Игорче од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: "Ве молам, научете го Игорче која е разликата меѓу машко и женско".
Мајка му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...