Казната за Тевез се зголемува

Аргентинецот Карлос Тевез ќе добие драстична казна за одбивањето за влез во игра на мечот против Баерн Минхен. Двете недели суспензија би можело да станат дури шест бидејќи раководството на тимот од Манчестер планира да му ја зголеми тројно казната.

Покрај суспензијата ќе биде зголемена и паричната казна за Тевез така што тој ќе помине многу лошо после неговиот непромислен потег. Последните вести велат дека Тевез ќе биде надвор од составот на Манчестер до средина на ноември, а место 560.000 евра сега ќе мора да плати дури 1,73 милиони евра.

Раководството на Манчестер Сити смета дека одбивањето на Тевез да влезе во игра е доволно голема причина за суспензијата од месец ипол, но и за големата парична казна.

"Тевез мора да биде ставен на трансфер листата на Манчестер Сити, а додека е суспендиран нема да може да тренира со првиот тим. Веројатно ќе може тоа да го прави само со резервите на екипата", коментираше Манчини пред некој ден.

Сепак, агентот на Тевез, Киа Џорабчијан има друго објаснување и според него фудбалерот не треба да биде суспендиран. Тој причините ги објаснува со тоа што смета дека Тевез не бил доволно разбран и тој не кажал дека не сака да влезе во игра туку дека не може да се загрева одново откако претходно бил подготвен за да влезе во игра.

"Она за кое Карлос не може да биде критикуван е неговата предаденост на играта кое е на терен. Никогаш не може да биде обвинуван дека сака да игра. Имаше неколку случаи кога играше и под инјекции во Манчестер Сити, дури и кога докторите му велеа да не го прави тоа. Ние не знаеме што точно се случило на клупата бидејќи видовме само еден до два телевизиски кадри. Видовме дека Де Јонг и Тевез се загреваат, а потоа го видовме скандалот меѓу Манчини и Џеко. Тој скандал продолжи и Карлос седна на клупата. Потоа стана, но викањето продолжи посилно и тој одново седна. Следното коешто го слушнавме беше кажаното од Манчини. Роберто има свој стил. Тој е потполно различен од оној на Венгер. Слични работи се случуваа и во текот на летото во Арсенал. Фабрегас и Насри даваа молби за трансфери, исто и Модриќ во Тотенхем. Се одбиваше патување со своите тимови и се одбиваше да се игра. Сепак, клубовите и менаџерите на тие клубови се снајдоа со ситуацијата по сосема различен начин. Карлос сега е казнет и тоа уште пред да се проучи ситуацијата и точно да се утврди што навистина се случило на теренот", вели Џорабчијан.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...