Ерменија ја победи Македонија во квалификациите за ЕУРО 2012



Ереван, 7 октомври 2011 (МИА) - Убедлив пораз доживеа македонската фудбалска репрезентација на гостувањето кај Ерменија во Ереван во натпреварот од 9.коло од Б групата од квалификациите за Европското првенство.

Домаќините со триумфот од 4:1 (2:0 полувреме) и ги задржаа шансите за пласман на ЕУРО 2012 година во Полска и во Украина.

Головите ги постигнаа Маркос Пицели во 28.минута за водство од 1:0. На 2:0 зголеми Хенрик Михитарјан во 34.минута, третиот гол за Ерменија беше дело на Георг Газарјан во 69.минута. Почесниот гол за Македонија во 86 минута го постигна Ванче Шиков, а конечните 4:1 во судиското надополнување на вториот дел ги постави Артур Саркисов.

Нашата репрезентација од 53.минута играше со играч помалку откако капитенот Величе Шумуликоски доби црвен картон.

Покрај овој натпревар од групата Б вечерва се играат натпреварите: Словачка – Русија и Андора – Република Ирска.

По некомплетното 9.коло на чело на табелата се: Ерменија со 17 бодови (од 9 натпревари) и Русија 17 (8), следуваат Република Ирска 15 (8), Словачка 14 (8), Македонија 7 (9) и Андора 0 (8).

Македонија следниот воедно и последен натпревар од квалификациите го игра на 11.октомври во Скопје против Словачка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил еден ден малиот Игорче од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: "Ве молам, научете го Игорче која е разликата меѓу машко и женско".
Мајка му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...