Македонија У-21 офанзивно против Фарски Острови и Данска

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година, Бобан Бабунски најави офанзивна игра и освојување нови бодови на следните два натпревари во квалификациите за Европското првенство, против Фарските Острови и против Данска.

- Овој квалификациски циклус го почнавме со идеја на првите три натпревари на домашен терен да направиме добри резултати и со добро бодовно салдо да ги продолжиме квалификациите на гостински терен. Фарски Острови се аутсајдери во нашата група, но во никој случај не треба да ги потцениме, бидејќи во последниве години се во подем. За разлика од нив Данска е фаворит за висок пласман, има компактна репрезентација и ја карактеризира игра со многу додавања. За постигнување на нашата цел ќе мора да одиграме на високо ниво и играчите да го прикажат квалитетот со кој располагаат, изјави Бабунски на денешната прес-конференција.

Тој ги информираше новинарите дека на располагање ги има сите повикани репрезентативци, а еден од најдобрите млади македонски фудбалери, Ферхан Хасани во договор со селекторот на „А“ репрезентацијата Џон Тошак, по одработување на неколку тренинзи во првата селекција, на У-21 составот ќе му се приклучи в сабота и е во план да игра против Данска.

Натпреварот Македонија - Фарски Острови ќе се одигра в петок, а Македонија - Данска во вторник на 8 ноември. Двата натпревари ќе се играат на стадионот „Борис Трајковски“ во Скопје со почеток од 13 часот.

Табела во групата „4“: Србија 8 бодови (4 одиграни натпревари), Данска 7 (3), Северна Ирска 4 (4), Македонија 1 (1), Фарски Острови 1 (4).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...