Пандев во вербален судир со Мацари

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев, како што пренесоа италијанските медиуми, остро реагирал кон својот тренер Валтер Мацари незадоволен од неговата смена во 62. минута на дуелот против Аталанта, кој на крајот заврши без победник 1:1.

Пандев и Мацари, според италијанските медиуми, размениле неколку невкусни зборови по замената при што на коментарот на Мацари: "Зошто реагираш кога не играш како треба на теренот?, нашиот интернациоаналец му возвратил со: "Губи се...".

По натпреварот тренерот на Наполи прашан за "судирот" со Пандев истакна дека можеби погрешил поради што и треба да му се извини на нашиот фудбалер.

"Пандев можеби со право беше лут. Се трудеше максимално на теренот, па можеби требаше да одигра уште десет минути. Но, во тие моменти помислив дека Лавеци ќе го засили нашиот ритам затоа што Пандев и не е доволно физички подготвен. Сите ние сакаме Горан да биде што подобро подготвен и да игра цел натпревар", изјави Мацари.

А, веднаш по замената на Пандев Аталанта преку Денис во 64. минута дојде до водство од 1:0. Бодото на Наполи го донесе Кавани во последната минута од судиското продолжение.

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...