Наполи го "урива" Јувентус

Средбата од 11. коло од Серија "А" меѓу Наполи и Јувентус, која не се одигра во предвидениот термин на почетокот од ноември, ќе се игра денеска од 20:45 часот. Двете екипи ќе се сретнат во Неапол каде што ќе се бара шанса за освојување бодови, а пред почетокот на мечот нема фаворит. И двата тима имаат свои шанси и гледаат можност за да стигнат до победата, дефинитивно формата е во нагорна линија и за Наполи и за Јувентус.

На вакви дерби средби домашниот терен е само мала предност. Се работи за две квалитетни екипи кои сезонава успевале да победуваат и на свој и на туѓ терен, па затоа е јасно дека нијанси ќе пресудат каде ќе заминат бодовите.

"Денеска не очекува тежок меч. Свесни сме за тоа дека Јувентус е лидер на табелата во Серија А и дека ќе имаме можност да се надигруваме. Ова ни е трет натпревар со силен противник за само една недела, но моите очекувања се да успееме да стигнеме до бодови. Мораме да се подготвиме максимално за денешниот дуел и очекувам да бидеме на вистинското ниво. За разлика од минатите години, сега сите гледаат далеку поинаку на нас, а верувам дека ќе можеме да потврдиме дека сме подготвени по Манчестер Сити да го совладаме и Јувентус со што ќе покажеме дека можеме до борбата за највисоката позиција", вели Мацари.

Што се однесува до гостите, и оттаму се верува во победа на денешниот двобој. Јасно е дека ќе биде максимално тешко и дека и двете екипи ќе имаат што да прикажат. Сепак, интересно е да се види како размислуваат во таборот на актуелниот лидер во Серија "А".

"Успееме ли денеска да победиме против Наполи, ќе освоиме нови три бода. Меѓутоа, ова ќе биде се во моментов бидејќи се уште е рано да зборуваме за Скудетото. Многумина не сметаат за главни фаворити, но во моментов нашата цел е да одиме од средба во средба и да бидеме скромни. Минатата сезона бевме катастрофални, големо разочарување. Затоа сега сакаме да ги израдуваме нашите фанови и денеска мораме да одиграме на нивото од последните средби и да победиме. Играме одличен фудбал и располагаме со талентирани играчи со неверојатен карактер. Атмосферата е далеку подобра од лани. Ова е еден нов Јувентус и тоа не прави далеку подобри", вели Пепе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...