Два гола на Пандев против Јувентус

Македонскиот репрезентативец во дресот на Наполи, Горан Пандев ги постигна првите два гола за новата екипа, за која настапува оваа сезона. Пандев повторно „проработе“ против екипата на Јувентус која сепак успеа да остане непоразена на гостувањето во Неапол одигрувајќи 3:3.

Наполи поведе со голот на Марек Хамшик во 23. минута, а 17 минути подоцна Пандев зголеми на 2:0. На стартот на вториот дел Јувентус преку Алесандро Матри намали на 2:1, а Пандев повторно беше стрелец во 60. минута. Но, неговата екипа не успеа да го задржи водството откако „старата дама“ до крајот преку Марсело Естигарибија и Симоне Пепе го изедначија резултатот.

Пандев при резултат 3:1 беше заменет. Македонскиот репрезентативец од италијанските медиуми беше прогласен за најдобар играч на натпреварот. Тој е оценет со 7,5.

- Задоволен сум од прикажаната игра. Постигнатите голови се резултат на напорната работа. Зад мене е период на игри под очекувањата и верувам дека во иднина ќе ја повторам играта како на дуелот со Јувентус. Благодарност за поддршката што ја добивам од навивачите, клубот и семејството. Не успеавме да ја задржиме предноста од два гола против Јувентус. Тоа е екипа која игра одличен фудбал. Очекувам победа веќе во наредното коло со што Наполи ќе фати приклучок со водечките екипи, изјави Пандев по вчерашниот одличен настап.

Овој натпревар беше од 11. коло од Серија А, кој беше одложен поради невремето во Неапол.

Јувентус остана на чело на табелата со 26 бодови и сега има два повеќе од Милан и Удинезе. Наполи се наоѓа на шестото место на табелата со 17 бодови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...