Миланското дерби, во вистински момент

Во недела, во Италија е вистински празник на фудбалот бидејќи силите ќе ги одмерат двата најголеми ривали во Калчото, Милан и Интер

Нема подобар момент на тестирање на шампионските амбиции на двата тима. Зошто? Па двата тима се најдобрата форма сезонава и со одлична серија на добри резултати, што гарантира перфектен фудбал, но и голови на меѓусебниот дуел. "Росонерите" го држат првото место на табелата заедно со Јувентус, кој има полоша гол-разлика, додека "нероазурите" по одличните резултати изминативе два месеци се доближија до водечките и имаат сериозни шанси да им ги расипат сметките на конкурентите.

Милан веќе 12 натпревари во серија немаат пораз во првенството (10 победи и 2 нерешени) и фудбалерите на оваа екипа покажаа завидна ефикасност, а посебно се искажа Златан Ибрахимовиќ, кој најмалку по еднаш ја тресеше противничката мрежа на шесте едноподруго средби (седум голови од кои дури пет од пенал).

Швеѓанецот добро се снаоѓаше во друштво со Боатенг и Робињо, па се очекува овој тандем повторно да се појави на теренот. Тоа значи дека Алесандре Пато, кој остана верен на Милан одбивајќи ја понудата на ПСЖ, повторно ќе ја чека својата шанса од клупата. Повредите на Фламини, Касано, Јепес и Аквилани нема да создадат поголеми проблеми бидејќи Алегри има доста фудбалери кои можат да го пополнат нивното отсуство.

-Интер многу напредуваше во последно време. Ги цениме, но не им се плашиме. Мораме да обратиме посебно внимание на Милито, кој е врвен играч и знае со еден потег да реши натпревар, изјави Тиаго Силва.

-Интер мора по секоја цена да ја брка победата за да се вратат во трката по титулата. Па така притисокот е поголем кај нив. Ќе биде многу тешко и неизвесно. Противникот има многу добри играчи и кога беа во долниот дел од табелата велев дека не треба да се отпишуваат предвреме. Еве сега се вратија во игра, што потврдуваат дека се сериозен колектив", изјави Алегри.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...