Против Роналдо на 26 мај

Македонската фудбалска репрезентација на 26 мај ќе игра контролен пријателски натпревар со репрезентацијата на Португалија. Натпреварот според првичниот договор ќе се игра во Лисабон.

Македонскиот селектор Џон Тошак посакуваше во мајскиот термин за пријателски натпревари да добие силен противник и тоа му се оствари. Македонија ќе има можност против моментно шестата светска фудбалска сила да покаже дали подготвена ќе ги дочека квалификациите за Мундијалот, а за португалските фудбалери овој дуел ќе биде шанса за проверка на формата пред настапот на еврошампионатот во Полска и во Украина.

Според Игор Климпер, генералниот секретар на ФФМ договорени се сите детали околу гостувањето на македонските репрезентативци во Лисабон и останува само формалното потпишување на договорот.

Климпер најави уште еден до два пријателски натпревари за македонската репрезентација во периодот пред почетокот на ЕП кое од 8 јуни до 1 јули годинава ќе се одржи во Полска и во Украина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...