Баерн во атак за предност

Алианц Арената во Минхен вечерва од 20:45 часот ќе биде домаќин на Реал Мадрид во првиот дуел од полуфиналето кој практично ќе наликува и на финале поради квалитетот кој го поседуваат двата тима. Целта на "баварците" е и во овој дуел да останат непоразени против "кралевите", но воедно и да создадат предност пред реваншот.

Средбите меѓу Баерн и Реал секогаш носеле големи возбудувања. Резултатот бил постојано тесен, а неизвесноста на високо ниво. Оттаму и сега се очекува да има големо надигрување и да има тензија во текот на сите 90 минути. Во тоа се свесни и во двата табора така што денеска ќе може да се проследи интересен двобој.

"Имаме силен тим за противник во полуфиналето и ќе се обидеме да сториме се за да дојдеме до место во финалето. Во секој случај можеме да бидеме среќни со тоа што го добивме Реал, а не Барса за противник во овој дуел. Според мене во моментов Барселона е број 1 во светот. Потоа следува Реал, а ние сме на 3. место. Добрата вест за нас е статистиката која е во наша корист во дуелите против Баерн. Оттаму гледам и наша шанса вечерва за позитивен епилог", вели тренерот на "баварците", Јуп Хејнкес.

Дека вечерта во Минхен ќе биде неверојатна потврдуваат и фудбалерите на составот од Германија. Ќе има што да се види на теренот и тоа е повеќе од јасно.

"Во Лигата на шампионите немаме проблем со мотивацијата. Бундес лигата е веќе загубена, но ни остануваат Купот на Германија и Лигата на шампионите. Ќе се обидеме со сите оружја вечерва да дојдеме до предност против Реал и следната среда да дојдеме до пласман во финалето", вели Томас Милер.

Сепак, свои сметки имаат и гостите кои исто така сакаат пласман во финалето кое ќе се игра на истиот стадион на 19 мај.

"Многу сум среќен поради се што се случува во последно време. Повредите ми беа пречка во последно време за да играм, но сега сум во тимот и ќе се обидам да придонесам за остварување на нашата цел. Таа е пласман во финалето од Лигата на шампионите", вели Ди Мариа.

Гостите го респектираат противникот и тоа ќе се види и вечерва на теренот. Тие се внимателни и не се опуштаат премногу пред средбата.

"Кога ќе стигнете до полуфинале тогаш се е можно. Во оваа фаза нема фаворити. Едноставно секој тим има своја шанса за успех и секој состав може да стигне до добар резултат. Баерн има добри фудбалери. Ги има Робен, Рибери, Гомез... Тоа се играчи што можат да решат натпревар. Покрај тоа ова е тим кој е силен како колектив. Нема да биде воопшто лесно и ние мораме да вложиме максимум за добар резултат", вели Рамос.

Дефинитивно ова треба да биде поизрамнетата средба во полуфиналето. Реал е можеби фаворит на хартија, но на теренот ќе биде навистина интересно да се види кој состав ќе успее да дојде до победата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...