"Баварците" со минимална предност

Екипата на Баерн Минхен ќе оди со предност од еден гол на реваншот против Реал Мадрид на "Бернабе". Синоќа "баварците" одиграа одличен меч против "кралевите" и обезбедија победа од 2:1 во натпревар кој донесе одличен фудбал со многу шанси. Воедно ова беше уште еден меч за Реал на кој не успева да победи во Минхен бидејќи на десетиот меч на Алианц Арената го забележа дури деветтиот пораз, а има само уште едно реми.

Средбата имаше одличен почеток. И двете екипи се обидуваа да ја земат контролата на играта и во таквиот стил успеаја да најават добар меч. Првото поголемо возбудување, сепак, се случи во 7. минута, кога Бензема за момент им избега на своите чувари. Тоа беше и повеќе од доволно за да упати удар и биеше силно од петнаесетина метри, но Нојер беше на вистинското место.

Реал се обидуваше со пресинг игра да не му дозволи на Баерн да излегува многу од својата половина. Откако овој притисок беше надминат почна да станува и нервозно на теренот. Прво Коентрао имаше груб старт, а потоа во 15. минута Рибери после еден старт од Рамос падна во шеснаесетникот на гостите. Хауард Веб не покажа на белата точка, а беше сосема во право бидејќи пенал ќе беше престрога одлука.

И во двете ситуации Англичанецот не се реши за жолт картон и сакаше да ја одржи играта на ниво.

Затоа, пак, во 17. минута се случи она што го сакаа сите на Алианц Арената во Минхен. После одлично изведениот корнер, Рамос имаше лоша интервенција. Успеа само да ја спушти топката, а таа падна пред Рибери. Тој беше внимателен и само ја упати топката во голот на Касиљас кој беше немоќен. Ова беше пенал ситуација од која играч како Рибери не смее да погреши.

Резултатот беше потполно неочекуван за гостите, а водството на Баерн најави возбудувања во продолжението од натпреварот.

Гостите имаа негатива, но никако не успеваа да ги повторат почетните минути. Место тоа оставаа одново премногу простор за фудбалерите на Баерн кои преку Швајнштајгер во 27. минута имаа можност за да дојдат до нов погодок. Сепак, ударот беше непрецизен, па Касиљас немаше потреба да интервенира. Слично беше и две минути подоцна кога Роналдо конечно успеа да си обезбеди простор за да бие, но неговиот удар заврши над голот.

Откако следните десетина минути главно беа одбележани од нервозната игра кај домаќините поради што паднаа и првите жолти картони, Баерн имаше нова шанса. По внимателната игра на Нојер кој собра една топка пред напаѓачите на гостите, Крос и Рибери одлично ја пренесоа топката на противничката половина, а потоа го проиграа Гомез кој биеше со сета сила, но Касиљас беше на вистинското место. До крајот немаше нови можности за погодок, па на одмор се замина со 1:0 во корист на домашните.

Иако второто полувреме почна полека и без некакви големи шанси, сепак, во 53. минута Озил им приреди шок на домашните фанови. После една акција која одеше преку Бензема, Роналдо доби топка во празно. Биеше како почетник, но Нојер само ја одби топката. Таа дојде до Озил го проигра Бензема. Тој биеше, но место во голот топката дојде до Роналдо. Откако Португалецот виде дека не може да бие и неговиот агол е затворен ја додаде топката до Озил, а нему му остана само да ја смести во голот од еден метар. Доволно за 1:1 и многу интересно продолжение на средбата.

После овој погодок шансите како да запреа, односно немаше така изразени можности кои ќе донесат гол се до 70. минута. После одлично нафрлената топка киксираше Рамос кој сега му ја намести топката на Гомез, но овој од само неколку метри биеше покрај голот и пропушти можност да донесе ново водство за Баерн.

Домашните беа поупорни до крајот на средбата, а тоа им донесе неколку можности од кои една беше реализирана и тоа во последната минута од мечот. Упатената топка од Лам одеше ниско и дојде до Гомез кој во мешаницата се снајде најдобро и успеа да ја смести во голот. Тоа се случи во 90. минута од мечот и веќе беше јасно дека ќе нема време. Ова беше нов пораз на Реал во Минхен или вкупно деветти во десеттото гостување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...