Пеп одлучува во следните денови

Тренерот на Барселона, Жозеп Гвардиола во текот на следните неколку дена ќе донесе одлука околу неговата иднина во тимот каде што во последните четири години има освоено 13 трофеи.

Иако Каталонците се елиминирани во полуфиналето од ЛШ и ја загубија трката за титулата во Примера сосема е јасно дека никој нема да сака да се раздели од Пеп. Напротив најавите се дека планираат да го задржат, но тој вели дека сака да разговара со претседателот и заеднички да го донесат најдоброто решение за Барселона во моментов.

Како што е познато неговиот договор истекува на крајот од оваа сезона. Со месеци траат медиумските шпекулации дека Гвардиола ќе го напушти Ноу Камп. Исто толку траат и притисоците од фудбалерите тренерот да остане во тимот бидејќи тие сакаат тој да го продолжи договорот и да остане на клупата на Барселона.

"Во следните неколку денови ќе одлучам дали ќе останам или не. Ќе разговарам со својот помошник Тито Виланова и претседателот Сандро Росел. Потоа заеднички ќе одлучиме што е најдобро за тимот во моментов. Ќе разговараме за се. За ситуацијата во клубот, за играчкиот кадар... а потоа ќе ја донесеме одлуката. Можеби досега велевме дека е рано, но сметам дека дојде време за да донесе и оваа одлука", вели Гвардиола.

Тој е тренер на првиот тим на Барселона од 2008 година. Претходно една сезона го водеше вториот тим и успеа да го внесе од третата во втората лига. За период од четири години има 13 титули, а сезонава му остана шанса уште за трофејот во Копа Дел Реј.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...