Виланова, наследник на Гвардиола

Досегашниот помошник на Пеп Гвардиола, Францеск "Тито" Виланова во иднина ќе биде прв тренер на екипата на Барселона. Ова е одлука по долгите разговори меѓу Гвардиола и Сандро Росел, а најавите дека Пеп ќе го напушти тимот се остварија.

Сепак, раководството не препушти ништо на случајот и на истиот прес кога се информираше за заминувањето на Гвардиола беше соопштено и името на новиот тренер. "Пеп нема да го води тимот следната сезона. Можеме да му се заблагодариме за сето она што го направи во клубот. Тој го усоврши нашиот модел на игра и тоа никогаш нема да биде доведено во прашање. Му благодариме за сe’ што направи и за играчите. Едноставно сите сме му многу благодарни и жалиме што повеќе нема да работи како тренер во тимот", вели претседателот на клубот, Сандро Росел. Воедно покрај информацијата дека се разделуваат со Пеп на крајот од сезоната, Росел го соопшти и името на новиот тренер. "Нема да менуваме многу на клупата. Досегашниот соработник на Гвардиола во иднина добива можност да се докаже и како прв тренер. Тито Виланова е нашиот нов тренер", заврши Росел. Како опција за наследници на Гвардиола се споменуваа Биелса, Блан, Вијас-Боаш... Сепак, од клубот не сакаа да менуваат речиси ништо. "Се одлучивме за Тито Виланова бидејќи тој е гаранција дека екипата ќе продолжи да игра во ист стил. Секогаш зборувавме дека доколку Гвардиола одлучи да си замине решението ќе го бараме во сопствените редови. Така беше и со играчите, така е и сега со тренерот", информираше спортскиот директор, Андони Зубизарета.

ОДЛУКАТА ДОНЕСЕНА ВО ДЕКЕМВРИ

Иако Гвардиола дури вчера соопшти дека на крајот од сезоната ќе си замине од Барселона и повеќе нема да биде тренер, сепак, тој одлуката ја донел уште по завршувањето на Светското клупско првенство. "Четири години се вечност и човек се троши многу во тој период. На крајот на декември најавив дека моето заминување од Барселона наближува. Сепак, не смеев тоа да им го кажам на играчите. Својата одлука ја донесов уште во декември. Жал ми е само што во сето ова време се создаде ситуација во која сите зборуваа за мојата судбина. Можеби грешка е што не ги слушав навивачите кои бараа од мене да останам уште две години. Сепак, очекувањата во Барселона секогаш се големи и јас секогаш барав договори на краток период", рече Гвардиола. Тој ќе остане запаметен како тренер кој успеал да го издигне клубот до височините. Прв е и единствен што освои шест титули во една година со клубот, а за четири години има 13 титули и можност да дојде и до 14-та во финалето на шпанскиот куп. Во периодот од четири години освои три титули во Примера и во Супер купот на Шпанија, по две во Лигата на шампионите, Супер купот на Европа и Светското клупско првенство, како и една во Купот на Шпанија.

Една година пауза?

Првите информации по повлекувањето на Гвардиола од функцијата тренер во Барселона се дека во следната сезона нема да работи во ниту еден друг тим. Информациите коишто се пренесуваат велат дека тој ќе паузира една година, а потоа ќе реши каде ќе продолжи со тренерската работа. Понуда за Пеп од Англија Ден пред да се одржи пресот се појави информација дека Пеп Гвардиола би можел да стане селектор на Англија за ЕП во Украина и Полска. Се работи само за шпекулација, но се може да се случи бидејќи по одигрувањето на финалето во Купот на Шпанија, Гвардиола е слободен и би можел да си бара нов ангажман.

Кој е Тито Виланова?

Роден е во 1969 година во Белкаир д'Емпорада во Шпанија. Кариерата ја почна во Барселона во 1984 година, а од 1988 до1990 играше во Б тимот. Не обезбеди место во првиот состав, па потоа настапуваше во неколку помали екипи, но немаше позабележителни настапи. Тренерската кариера ја почна заедно со Гвардиола. Му беше помошник во Б екипата со која беа најдобри во третата лига во 2007/08, а потоа заедно се преселија во првата екипа каде што заедно ги постигнаа сите успеси.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...