Стадионот на Наполи "Сан Паоло" е во катастрофална состојба, а веќе се познати причините за распаѓањето на тревата.
Истражувањата покажале дека се работи за паразитска печурка која на почетокот се развила најмногу во просторот околу клупата за резерви на гостинскиот состав. Радиусот е 15 метри, но премногу топлото време е причина за ширење на паразитот кој сега го има по целиот терен. Со оглед на тоа дека директно го напаѓа коренот на тревата, нема ништо чудно зошто во моментов теренот е во катастрофална ситуација.

Покрај ова има уште една причина, а таа е во персоналот на стадионот кој дозволува нелегално влегување на теренот на младенци кои веднаш по венчавката доаѓаат на теренот. Високите штикли прават дупки во тревата со што се уништува директно во коренот.
Овие две причини практично и придонеле најмногу за уништувањето на тревата на "Сан Паоло" и засега нема решение освен комплетно менување.