Јаневски: Нивната публика ги води

Чедомир Јаневски не беше во авионот за Глазгов. Националниот тим отпатува без селекторот затоа што тој сам отпатува во Шкотска за да стигне  да го гледа во живо настапот на нашиот утрешен ривал. Шкотска одигра 0:0 против Србија на истиот терен каде што утре гостува нашата Македонија. Што  виде!? Какви се импресиите!? Можеме ли да ја победиме Шкотска!? На тие и на други прашања даде свој став селекторот Јаневски на вчерашниот брифинг во хотелот "Радисон Блу", каде што се сместени нашите репрезентативци. 

"Не очекува тежок дуел. Шкотска има квалитети и беше поблиску до победата во саботата на дуелот со Србија. Тоа е репрезентација која кога игра дома ја водат навивачите. Тоа е чуден феномен кој функционира и поддршката од трибините е нивниот 12. играч", напомена Јаневски за тоа што треба да очекуваме утре во Глазгов.

"Играат агресивно во текот на целиот меч и никогаш не се откажуваат. Нивната формација е офанзивна и тоа што треба да се напомене дека играчите кои влегуваат од клупа прават дополнителен притисок. Тоа утрово им го кажав и на моите фудбалери, дека секој детаљ е важен и дека секоја минута е важна. Затоа и тие кои ќе влезат од клупата треба да имаат голем удел во играта. Резервите на Шкотска во саботата го направија токму тоа. Имаат желба, имаат квалитети и се незгодни, а најавуваат и борба за водечките две позиции во групата".

Јаневски даде свое видување и за слабите страни на противникот и за тоа како треба да им се спротивставиме:
" Дефанзивните играчи за врска честопати ја изнесуваат топката до казнениот простор на противникот, оставаат простор при грешка и тука треба да се обрне внимание. Како и секоја екипа од Островот, опасни се од прекини па дури и од аути во висината на казнениот простор.  Ние треба да имаме брза циркулација на теренот, движење на топката и што е можно поголемо време да минеме на нивната половина. Подготвени сме за дуел и целиот тим треба да функционира на потребното ниво".



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...