Пандев и Милер со ист став: Одиме на победа!

Србија во саботата се извлече среде Глазгов, Македонија не заслужи пораз во Загреб. Нашиот национален тим е на северот на Островот. Шкотска е нашата следна квалификациска станица. Натпревар кој утре се игра меѓу двете селекции кои по стартните 90 минути од новиот циклус се задоволни само од играта, но не и од резултатите. Македонија повторно гостува кај селекција која е соочена со притисокот од јавноста. Шкотска очекува пласман на СП, очекува бодови и затоа мора да победува. "Килтовите" играат два меча во серија на почетокот од квалификациите, за разлика од нашиот национален состав, кој има две тешки гостувања. Одигравме добро, надежно во Загреб.

Дали може да се повтори добриот меч во првиот дел? Утре не смееме да загубиме затоа што во спротивно притисокот ќе се насочи на нашиот грб, на грбот на фудбалерите, селекторот и новото фудбалско раководство.

"Какво бранење? Не смееме така да играме. Така предвреме сме осудени на пораз. Ако сакаме да останеме непоразени, мора да нападнеме, мора да одиме на трите бода", изјави Горан Пандев, нашиот капитен кој со своите репрезентативни колеги од саботата е во Глазгов.

"Видовте и самите дека немавме среќа во Загреб.

Не заслуживме пораз, но останавме без бодови. Милам дека Шкотска ја нема таа сила како што ја има Хрватска, но ќе имаат огромна поддршка од трибините. Треба со ниски топки и кратки додавања да ги спуштиме на земја. Да не влеземе во нивната игра и да искористиме се што ќе ни се укаже како шанса. Еден момент одлучува на вакви натпревари. Така беше и во Загреб. Ние шанси, дирек, а тие од една посериозна акција ни дадоа гол за победа. Јас сум оптимист, верувам во успех на утрешниот натпревар", беше ставот на најдобриот фудбалер од сите 22 кои утре ќе истрчаат на стадионот во Глазгов.

Шкотска и Македонија во минатото одиграа меч на овој ист стадион каде домашните се спасуваа, нашите утнуваа, а тие дадоа голови за победа од 2:0. Кени Милер, човекот кој сега игра во Ванкувер од Канада, вчера во медиумите од Шкотска како да ја копираше изјавата на нашиот Горан Пандев.

"Да ја заборавиме Србија. Тоа реми без голови ќе биде позитивно само ако утре ја победиме Македонија. Нема да ни биде лесно. Имавме две средби со нашиот следен противник. Беше тешко, имаме победа и пораз. Но немаме друг избор, а знаеме дека биле добри на дуелот со Хрватска", истакнува 32-годишниот Милер од кого се очекуваат голови во мрежата на Македонија.

"Македонија не е Лихтенштајн. Рејтингот што го имаат не треба да не лаже. Добри се, ќе видите и затоа треба да бидеме внимателни и навивачите да бидат на Хемпден парк. Потребна ни е победата", е ставот на Милер за дуелот со Македонија утре, од 21 часот по македонско време, во Глазгов.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...