Левин: "Македонија мора да падне"

Шкотскиот селектор Крег Левин малку веројатно дека ќе се отргне од неговата омилена формација (4-1-4-1) и за дуелот со Македонија, и покрај јавниот повик на фудбалските аналитичари од Островот да даде малку поголема офанзивна моќ на селекцијата по она реми без голови со Србија.

Левин се очекува да стартува со 32-годишниот Кени Милер од кого ќе се очекува да ја понесе палката кон посакуваната офанзива, а неизвесен е и Стивен Најсмит. Постои опасност менаџерот на Шкотите да не може да смета и на голманот Алан Мекгрегор и десниот бек Алан Хатон, кои се жалат на повреди, но, сепак, се очекува да бидат во комбинација за настап.

"Нема што да калкулираме. Имаме свои идеи, имаме свои амбиции кои мора да ги реализираме. Македонија е натпревар кој едноставно мора да се добие", вели Левин пред денешниот натпревар.

Оптимистички расположени се и репрезентативците на Шкотска, кои сметаат дека македонската селекција е тим кој може и мора да се совлада.

"Јасно е дека на домашен терен мора да одиме на победа, но не треба и премногу да се залажуваме дека треба да биде лесно. Македонија воопшто не е наивна репрезентација. Располага со фудбалери од самиот европски врв кои играат во топ европски лиги. Сето тоа доволно кажува дека нема да ни биде нималку лесно. Секако ние размислуваме на три бода, но мора до тоа да дојдеме до максимална агресивност", истакнува дефанзивецот Кристоф Бера.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...