Имаме потреба од бод или ТРИУМФ!

Силата на Македонија, на тест во Глазгов. Тука, во Шкотска, избраниците на Чедомир Јаневски треба да одиграат на победа, да не загубат и да ни дадат надеж за идните квалификациски дуели. Тешко е, тоа сите го знаат. Незгоден старт со две гостувања, еден пораз и сега дуел на кој мора да се брка позитивен скор.

 

Да се освои бод или три за да се има добар старт, за да се избегне можниот притисок од можен нов неуспех и за да се влезе во квалификациите со бодови од гости. И треба да се биде реален. Ако не се освојат бодови на "Хемпден парк" во Глазгов, тогаш каде во ова група ќе одиме на позитивен скор!? Загреб е минато со "нула", Брисел е невозможна мисија, а Белград и Кардиф се посебна приказна. Тука, во Шкотска, треба да се покаже и докаже дека вредиме или да се потврдат анализите и статистиките кои велат дека Македонија е тотален аутсајдер во групата.

"Потребна ни е среќа која ја немавме во Загреб. Но потребна ни е и игра во текот на сите 90 минути како против Хрватска за да стигнеме до добар резултат", напомена нашиот капитен Горан Пандев при доаѓањето во Шкотска.

Дека Македонија може, дека имаме сили за добар резултат, ни најави оној дуел од пред неколку дена каде несреќно загубивме од Хрватска. Тој меч дава надеж. Таа игра внесе самодоверба кај нашите фудбалери и стручниот штаб. Но за да се постигне целта вечерва не треба само да се "палиме" со тоа дека сме биле добри во саботата. Да, игравме добро ама загубивме. Тоа може само еднаш да помине. Хрватска и готово. Нема нова таква епизода во која фудбалерите може да бидат и пофалени и задоволни со такви констатации дека поразот е добар.

"Треба да одиграме на повисоко ниво отколку во саботата. Со Шкотска играме нов натпревар, нови 90 минути и нова борба за резултат. Хрватска е минато и сега треба да мислиме како да играме тука, во Глазгов. Никој од нас верувам дека нема да биде задоволен со два порази во серија без разлика на тоа што имаме две гостувања. Ќе биде тешко, ќе имаме незгоден ривал кој има одлична публика и полн стадион зад себе. Но мислам дека ќе биде добро и дека непоразени ќе си одиме од Шкотска. Треба да внимаваме на секоја топка, на секој нивни обид по нашиот гол. Но за да стигнеме до посакуваната цел ќе мора да постигнеме гол", е ставот на Николче Новески, кој од стартерите заедно со Пандев и Попов беа во нашиот прв состав пред 3 години кога со 2:0 загубивме на истиот овој стадион и од истиот противник.

Во нашиот национален тим се оптимистички расположени. Шкотска е репрезентација која можеме да ја изненадиме. На минатиот меч тука, во Глазгов, имаме шанси, но загубивме во вториот дел. Затоа потребни се добро 100, а не 90 минути. Потребно е да бидеме добри и на теренот, но и во соблекувалната каде многупати досега сме ги загубиле натпреварите. Често играме одлични први 45 минути, а потоа се губиме. Затоа Јаневски ќе треба да го најде начинот како да ја задржи играта и ритамот на фудбалерите и во времето кога се делат совети и кога има 15 минути за одмор. Затоа треба да играат најдобрите и оние кои имаат сили за пеколни 90 минути. Секој експеримент може да биде фатален.

Тешко собираме бодови на гости

За да се постигне добар резултат на денешниот меч треба да се прекрши "црната" традиција. Да не е Андора ние ќе заборавевме кога последен пат сме победиле на квалификациски меч во улога на гостин. Последната наша победа и бодови од туѓ терен се токму од Ла Вела, на 08.10.2010 година, кога славевме со 0:2. Тешко ни оди, а големи бодови на стартот од квалификациите и немаме освоено од гостувањата. Тоа е вистинската слика за Македонија. Секогаш високо летаме, а брзо се спуштаме. Затоа не смееме да загубиме, за да не бидеме отпишани уште по првите две средби.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...