Само еден гол, само еден бод!

Шкотска - Македонија 1:1 (1:1)

Па што треба да се случи за Македонија да успее да победи на гости на еден квалификациски меч? Шкотска имаше повеќе од среќа синоќа на "Хемпден парк" во Глазгов каде домашните се спасија и извлекоа бод. Бод кој за нас не е доволен со оглед на тоа како добро одигравме, го имавме фантастичниот Пандев, кој одигра нова блескава партија. Нашиот национален тим го одигра најдобриот меч на гостувањата. Отворено, со брза игра, додавање и премногу шанси. Стартот беше перфектен. Постигнавме брз гол и имавме 0:1.

Домашните капитулираа во 11. минута кога Новески по корната остана во казнениот простор и убаво со нога ја смести топката во мрежата по додавањето од Тричковски. Но тука не застанавме. Продолживме со храбрата и отворена игра. Пандев имаше апсолутна доминација, а Ивановски, Тричковски и Ибраими добро му парираа. Шансата на првиот дел ја имаше Ибраими, кој во 30. минута се најде осамен, а Мек Грегор со таа одбрана ја почна својата серија. Одминуваа минутите, а Шкотска се повеќе пробиваше по нашата лева страна каде Попов не затвораше добро. Имаа еден, втор и трет пробив по кој Меки асистира, а Милер се најде во позиција од каде нема грешка - 1:1.

Тој гол беше наш "кикс". Средниот ред не го блокираше Морисон, лоша офсајд замка и отиде предноста. Но за разлика од многу досегашни средби, нашата сила дојде во вторите 45 минути.

Во тој период почна Пандев да ја презема работата во свои нозе. Секој негов напад беше идеална шанса за гол за Македонија. Но, за победа ни требаа два гола и втор играч како Пандев. Прво Георгиевски, а потоа и Ивановски утнаа зицери во кои требаше да го прашаат домашниот голман каде да му шутираaт а тие "телефонираа"и лошо шутираа. Две идеални шанси. Две можности кои мора да се реализираат. За да биде малерот уште поголем Хасани во 58. минута имаше ефектен удар од 18 метри кога топката ефектно заврши во левиот дирек. Колку многу среќа имаше Шкотска. Колку многу шанси за Македонија, а крајниот резултат е израмнет. Кога ќе победиме ако не синоќа! Мек Грегор е спасител на Шкотска и "крвник"кој ни ја одзема победата во меч на кој заслуживме и три бода и барем три гола. Дома си одиме со само еден бод од двете гостувања иако реалноста беше сосема поинаква. Заслуживме барем 4 бода!

Тричковски ја обнови повредата

Иван Тричковски не издржа. Во 37. минута Јаневски беше принуден да менува затоа што фудбалерот на Бриж ја обнови повредата на задната ложа. Тоа беше малер за нашиот тим затоа што остана без асистентот на голот. Но и Хасани беше негова добра замена.

Стотина Македонци се појавија во Глазгов

Од сите страни на Островот и северните делови на Европа, но и од сите краишта на Македонија, околу стотина наши иселеници се појавија вчера во Глазгов. Ги имаше од Скопје, Штип, Кавадарци.. Со црвено-жолтите бои гордо се шетаа низ најголемиот град во Шкотска, а на стадионот ги вееја знамињата и ја пееја химната на Македонија, а некои ги носеа и одбележјата на нашата "Фаланга"! Браво за сите кои дојдоа да навиваат и да ја бодрат својата земја .



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...