Јаневски: Македонија заслужи да победи во Глазгов

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Чедомир Јаневски на прес - конференцијата по синоќешниот дуел со Шкотска во Глазгов изјави дека Македонија заслужи да победи.

- Сите фудбалери заслужуваат честитки за прикажаната игра. Имавме неколку гол - шанси од кои можеше да ги освоиме и трите бода и во Скопје да се вратиме како победници. Но, сепак јас сум задоволен од освоениот бод, рече Јаневски.

Квалификацискиот натпревар за Светското првенство во Бразил 2014 година, меѓу селекциите на Шкотска и Македонија се одигра на „Хампден Парк“ пред 32 илјади гледачи и заврши нерешено 1:1.

Шкотските известувачи не го кријат своето разочарување од резултатот. Пред мечот, се тврдеше дека Шкотска „мора да победи“, да освои три бода и да го задржи чекорот со главниот фаворит во квалификациската група, селекцијата на Хрватска, па ремито со Македонија се смета за „голем неуспех“.

Медиумите во првите реакции по натпреварот признаваат дека Шкотланѓаните треба да бидат и задоволни со бодот, потврдувајќи ја изјавата на нашиот селектор Јаневски, дека Македонија можеше и да победи. Весниците во Глазгов забележуваат дека домашниот голман Ален Мекгрегор двапати ја спасувал неговата репрезентација по силните удари на Даниел Георгиевски и Мирко Ивановски. Сите ја одбележуваат играта на Горан Пандев за кого велат дека е „срцето на македонскиот тим“, затоа што од него потекнуваат сите акции, како и дека од Пандев доаѓале сите закани за голот на домашната репрезентација.

Селекторот на Шкотска Крег Левин призна дека во мечот со Македонија, неговите играчи имале тешка работа.

- Тешко успеавме да воспоставиме рамнотежа на теренот, особено што рано примениот гол не спречи да ја развиеме нашата игра, изјави по натпреварот Левин.

Тој вели дека по одиграните две кола во оваа група, ситуацијата за Шкотланѓаните се усложнува, па сега на репрезентацијата и претстои тешка работа за да се избори за место на Мундијалот во Бразил.

Шкотските навивачи синоќа по дуелот со Македонија ја исвиркаа домашната екипа, незадоволни што во двата натпревари на свој терен (против Србија и Македонија) освоија само два, од планираните шест бодови. Навивачите сметаат дека шансите за пласман на СП во Бразил уште од сега се загубени и бараат смена на селекторот Крег Левин.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...