Навивачите на Шкотска бараат селекторот да биде сменет

Навивачите во Шкотска не можат да го прежалат неуспехот на нивната репрезентација во мечот со Македонија, па сега бараат итна смена на селекторот Крег Левин. До Шкотската фудбалска асоцијација се испратени повеќе пораки во кои се бара Левин да биде тргнат од кормилото на репрезентацијата и на негово место да се најде човек што би можел да „спасува што уште може да се спаси“.

Шкотската фудбалска јавност верува дека по синоќешното реми со македонската репрезентација, како и нерешениот резултат со Србија на натпреварот во саботата (и двата на домашен терен), шансите на Шкотска да патува на Светското првенство во Бразил се сведуваат само на теорија.

Локалниот весник „Дејли Рекорд“ во денешниот број пишува дека „патот за Бразил“ станува се потежок по уште едно реми на Шкотланѓаните пред своите гледачи, откривајќи дека притисокот врз селекторот Левин станува се посилен. Според овој весник, Шкотска мораше да победи синоќа против македонските фудбалери за задржување на шансите за настап на Мундијалот 2014, но таа на крајот се бореше да сочува еден бод, што е премалку за големите амбиции пред почетокот на квалификациите.

По првите два средби Шкотска е дури четврта на табелата, зад Србија, Белгија и Хрватска, а во следниот круг на квалификациски натпревари и претстојат тешки гостувања.

Незадоволството во медиумите и гневот на навивачите доаѓа по синоќешната „тажна и мачна ноќ“ за фудбалот во Велика Британија. Ниту една од четирите репрезентации од островите, не успеа да победи, иако три средби играа во Велика Британија.

На полупразниот „Вембли“, селекцијата на Англија се спасуваше од пораз против Украина. Во последните минути Англичаните дојдоа до бод со гол од пенал на Френк Лампард. Во овој меч, домашниот капитен Стивен Џерард беше исклучен поради два жолти картони и нема да игра на следниот дуел на репрезентацијата.

Велс доживеа „срамна хаварија“ во дуелот со Србија во Белград, каде беше поразен со 6:1, додека четвртата „островска“ репрезентација, Северна Ирска, 13 месеци нема победа, а синоќа не успеа да го совлада ниту Луксембург, играјќи нерешено 1:1 на стадионот во Белфаст.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...