Попов нема сигурно место во првиот тим на ВБА

Македонскиот репрезентативец Горан Попов ќе треба добро да се потруди за да добие статус на првотимец во составот на англискиот премиерлигаш Вест Бромвич Албион. Како што изјави за британските медиуми менаџерот на ВБА, Стив Кларк, нашиот фудбалер, кој непосредно пред репрезентативните активности се договори со Англичаните, од клупата ќе чека шанса за настап во новиот дрес.

"Прва опција на позицијата лев бек се’ уште е Лајам Ричвел. Попов апсолутно е свесен за тоа. Знае дека доаѓа во клубот каде што мора силно да се бори за да добие место во тимот. И против Фулам овој викенд извесно е дека дуелот ќе го почне од клупата", вели Кларк, според кого во секој случај зголемената конкуренција може да донесе само позитивни вредности во неговиот тим.

"Конкуренцијата за секоја позиција во тимот сигурно е добредојдена за нас. Тоа само може да придонесе фудбалерите многу повеќе да даваат на натпреварите. Во секој случај, сезоната е долга, па ќе има доволно можности секој да ги покаже своите квалитети", вели Кларк.

Горан Попов нареднава сезона ќе ја мине на позајмица во ВБА откако во последниот ден од преодниот рок се договори за ослободување од редовите на Динамо Киев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...