Балотели одби да ја носи "деветката"

Италијанскиот репрезентативец Марио Балотели одби да го земе дресот со бројот 9 и во Милан ќе го носи 45, број кој му стана омилен додека настапуваше во Манчестер Сити. Иако по заминувањето на Алесандре Пато деветката во Милан е слободна, напаѓачот реши да не го носи дресот кој најчесто го носат класичните напаѓачи, а низ историјата на клубот тој број го носеле Марко ван Бастен, Жорж Веа и Филипо Инѕаги. Балотели го носеше дресот со бројот 9 додека играше за Интер, а и минатото лето на својот грб го имаше тој број додека настапуваше во дресот на "аѕурите" на европското првенство во Полска и Украина. Пред три години Балотели во кафуле во Милано се сликаше со дресот на Милан на кој стоеше бројот 45.

Милан веќе почна да продава дресови со името на Балотели. Навивачите на "росонерите" треба да платат по 39 евра ако сакаат да имаат дрес од новиот миленик на клубот. Балотели уште како дете бил симпатизер на Милан, но кариерата ја почна во големиот градски ривал Интер. Откако три години помина во Интер, Балотели се пресели во Манчестер Сити, каде помина две и пол сезони. "Граѓаните" за трансферот на Балотели ќе добијат 20 милиони евра, а голгетерот со новиот договор се обврза да остане на "Сан Сиро" до 2017 година. Балотели во нападот ќе игра заедно со Стефан ел Шарафи, кој му посака добродојде на новиот соиграч.

"Добредојде Марио. Многу сум среќен што доаѓаш во нашиот тим", напиша Ел Шарави на социјалната мрежа "Твитер".



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...