Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо со „кралевите“ оваа недела издвојува „пирова победа“ врз полу- финалниот противник во ЛШ, Борусија Дортмунд.
Тој во реванш натпреварот од ЛШ, на Сантијаго Бернабе со резултат 2-0 го победи тимот на Борусија Дортмунд, но не успеа да се пласира во финалето кое на 25-ти ќе се одигра на Вембли стадионот.
Но, во изјавата за ITN по натпреварот тој беше прекинат и отсечен од програмата. Додека објаснуваше каде ќе замине следната сезона. –Новинарот нервозно го прекина Жозе со реченицата „претпоставувам дека тоа ќе биде во Англија“, мораме да одиме понатаму.“
Овој потег предизвика лавина на коментари на социјалните мрежи од гневни гледачи кои останаа без изјава и информација од Мурињо.
Погледнете.