Бразил - Уругвај во прво полуфинале на Купот на конфедерации

Фудбалскиот Куп на конфедерации се ближи кон крајот, а вечерва на програмата е првиот од двата полуфинални натпревари. На стадионот „Минеирао’’ во Бело Хоризонте, ќе играат домаќинот Бразил и селекцијата на Уругвај.

Вечерашното ќе биде 71-во соочување на големите јужноамерикански конкуренти, чие ривалство датира од далечната 1916 година, а кулминираше во 1950 година, кога во финалната фаза на Светското првенство во Бразил, на легендарната „Маракана’’ селекцијата на Уругвај го совлада домаќинот за освојување на светскиот трон.

„Кариоките’’ се надеваат дека токму сега ќе успеат да му вратат на големиот ривал и дека ќе ја продолжат низата од шест натпревари без порази (четири победи), за пласман во големото финале и можност за одрбана на титулата во ова натпреварување.

Уругвај кој е актуелен шампион на Јужна Америка, нема победа во дуелите со Бразил од 2001 година, во квалификациите за СП.

Во меѓусебните биланси Бразил е поуспешен со 32 победи наспроти 19-те на Уругвај и исто толку нерешени дуели.

Почетокот на натпреварот Бразил - Уругвај е вечер во 21 часот, термин во кој утревечер ќе играат европските ривали Шпанија и Италија во вториот полуфинален дуел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Двајца дрво пијани седат на улица... По некое време здогледуваат некој полицаец како оди накај нив...
- Гиго, Гиго... ти гарантирам дека полицаецов што иде навака е педер!
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1535.- Британскиот филозоф и државник сер Томас...
1867.- Под притисок на Канаѓаните, британската...
1871.- Рим стана престолнина на Обединета...
1960.- Формирана е обединета и независна...