Македонија загуби од Шкотска

Во квалификациски натпревар за Светското фудбалско првенство 2014 од групата А, вечерва на Национална Арена „Филип Втори“ Македонија загуби од Шкотска со 2:1 и значително си ги намали шансите за освојување на третото место.

Головите за Шкотланѓаните ги постигнаа Икечи Аниа 60.минута и Шон Малони во 89.минута, за Македонија погоди Јован Косотовски во 84.минута.

Гостинските фудбалери имаа поголем посед на топката во првиот дел, создадоа и две шанси преку Браун во 31.минута и стрелецот Аниа дест минути подоцна, но македонскиот голман Томе Пачовски не дозволи да биде совладан.

Македонија беше ориентирана повеќе на дефанзива, отколку што покажа желба да се загрози голот на дејвид Маршал. Единствената шанса ја имаше Јаховиќ во последната минута од полувремето по еден контра-напад, но малку откосо од десетина метри биеше непрецизно.

Во „црвено-жолтиот“ дрес вечерва во квалификациски натпревар дебитираше 19-годишниот Давид Бабунски кој беше заменет во 40.минута.

Десетилјадната публика на „Филип Втори“ поради слабата игра со свирежи ги испрати фудбалерите на пауза со очекување за многу подобар фудбал во вториот дел.

Очекувањата на навивачите се исполнија само во последните 20 минути, кога избраниците на селекторот Чедомир Јаневски заигра многу подобро, поагресивно и поофанзивно, но две грешки во одбраната беа пресудни за петтиот пораз во овој квалификациски циклус.

Од групата А во тек е натпреварот Велс – Србија. На 10 минути пред крајот Србите веќе ја обезбедија победата, водат со убедливи 3:0 и се зацврстуваат на третата позиција.

Табела: Белгија 22 бода (8 одиграни натпревари), Хрватска 17(8), Србија 11(9), Шкотска 8(9), Македонија 7(8) и Велс 6(8).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...