Роналдо, Меси и Рибери ја очекуваат „Златната топка“

Светската фудбалска федерација и францускиот магазин „Франс фудбал“, вечерва, во Цирих треба да го прогласат најдобриот фудбалер на планетата за изминатата 2013 година. Во потесниот избор за најдобар влегоа тројцата фудбалери кои ја одбележаа минатата година. Кристијано Роналдо од Реал Мадрид, Лионел Меси од Барселона и Франк Рибери од Баерн Минхен, се во трката за најпрестижната индивидуална фудбалска награда.

Во гласањето за најдобар учествуваат сите селектори и капитени на репрезентациите кои се дел од ФИФА, како и новинарите кои гласаат во изборот на „Франс фудбал“. ФИФА и „Франс фудбал“ до 2009 година правеа посебни избори, но во последниве четири години, тие прават еден заеднички избор за најдобар планетарен играч. Во сите три досегашни заеднички избори, наградата ја освојуваше Аргентинецот Меси.

КРИСТИЈАНО БЕЗ ОСВОЕН ТРОФЕЈ МИНАТАТА ГОДИНА

Кристијано Роналдо се споменува како главен фаворит за наградата. Капитенот на португалската репрезентација имаше одлични перформанси во 2013 година, но, за жал, неговата игра не беше наградена со ниту еден трофеј во тимот на Реал Мадрид, бидејќи „кралскиот клуб“ беше елиминиран во сите натпреварувања. Сепак, на крајот , Роналдо годината ја заврши на добар начин. Со националниот тим успеа да се квалификува на завршницата на Светското првенство во Бразил ова лето, а токму тој беше најзаслужен за радоста на Португалците.

Роналдо во 2013 година одигра вкупно 56 мечеви во сите натпреварувања, во кои даде импресивни 66 погодоци. Колку за споредба, неговите ривали во трката за „Златната топка“, Меси и Рибери заедно вкупно дадоа 64 гола во 2013 година. Некои медиуми дури водеа и жестока кампања дека наградата треба да се даде на фудбалерот кој имал најдобри индивидуални остварувања, без разлика на трофеите кои ги освоил.

ФИФА за првпат дури дозволи да има и прегласувања во изборот, па селекторите и капитените кои имаа гласано, можеа да го сменат мислењето. Се верува дека оваа отстапка беше направено токму за Роналдо да може да добие повеќе гласови. Португалецот до неодамна беше скаран со претседателот на ФИФА, Сеп Блатер и се закануваше дека воопшто нема да присуствува на церемонијата. Сепак, сега тој најави дека во Цирих планира да присуствува со целото семејство. Роналдо оваа награда ја има освоено во 2008 година, кога беше играч на Манчестер Јунајтед.

И ПОКРАЈ ПОВРЕДИТЕ, ЛЕО БЕШЕ НЕЗАДРЖЛИВ

Лионел Меси четири години по ред е на тронот на овој избор. Аргентинецот и во 2013 година играше блескаво, но беше далеку од повторување на перформансот од 2012 година, кога постигна 92 погодоци. Сега Меси даде „само“ 42 гола, но ја предводеше Барселона до титула во првенството и освојување на Суперкупот на Шпанија.

Минатата година Меси ја заврши на неславен начин, со повреда. Неколкупати се жалеше на повреда на бутот на мускулот на ногата, па последните два месеци мораше да мирува. Сепак, и покрај тоа што не нивото од 2012 година, Меси остави свој печат во минатата година бидејќи останува енигма за противниците. Покрај трофеите со Барселона, Лео со Аргентина се пласираше на завршницата на Мундијалот во Бразил. Сега тој атакува на рекордната и јубилејна петта „Златна топка“ во низа.

ФРАНК БЕШЕ „МАГНЕТ“ ЗА ТРОФЕИТЕ

Ако се бројат трофеите освоени во 2013 година, Рибери е далеку пред Роналдо и Меси. Францускиот репрезентативец со својот Баерн Минхен во минатата година беа како казнена експедиција во речиси сите натпреварувања. Рибери беше еден од најдобрите кај баварскиот гигант кој се израдува на пет трофеи во претходните 12 месеци.

Баерн на рекорден начин стана првак во Бундес-лигата, а го освои и Купот на земјата. На меѓународна сцена триумфираше во Лигата на шампионите, го освои Суперкупот на Европа, а минатиот месец стана и светски клупски првак на турнирот во Мароко. Во освојување на сите овие трофеи, Рибери беше еден од главните играчи и без него играта на Баерн сигурно нема да биде иста.

И Рибери со репрезентацијата на Франција ќе игра на планетарниот собир во Бразил. Во конкуренција на сите тројца конкуренти за „Златната топка“, Рибери е единствен кој досега никогаш ја нема освоено.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...