Кристијано Роналдо синоќа ја освои по втор пат престижната фудбалска награда Ballon D’Or, и со тоа ја прекина серијата од 4 последователни победи на Лионел Меси.
Но, за кого тој го даде својот глас при гласањето?
Кристијано Роналдо најмногу гласови даде за Радамел Фалкао, а потоа и за колегата од Реал, Гарет Бејл и за екс колегата Месут Озил, кој минатата година премина во Арсенал.
Меси пак своите гласови ги распореди за своите колеги од Барселона. Тој гласаше за Андрес Иниеста, Чави и Нејмар.