„Златната топка“ на ФИФА и понатаму го бранува фудбалот, а дефинитивно се наоѓа пред нов голем скандал

Скандал: Изменети гласовите на неколку селектори

Објавени се имињата на неколку селектори чии гласови се сменети, но можно е бројката да биде и поголема

Прашањето е колку „грешки“ се направени за епилогот да биде таков каков што беше

Кристијано Роналдо си ја понесе „Златната топка“ од Цирих и со своите соиграчи и претседателот Перез се радуваше во авионот на патот кон Мадрид. Секако, тука беше и неговата девојка Ирина Шејк. Сепак, сето ова останува во втор план бидејќи ФИФА ја брануваат информации коишто водат кон нов голем скандал и го доведуваат во прашање реалното значење на наградата.

По првичните информации од страна на Катарците дека гласале за Роналдо бидејќи тоа од нив го има побарано претседателот на ФИФА, Сеп Блатер, следуваат нови информации кои го прават скандалот далеку поголем. Инаку, ова е нов скандал кој оди на долгиот список на Блатер.


ИЗМЕНЕТИ ГЛАСОВИ

Информациите коишто се објавени вчера говорат дека гласовите на неколку селектори се изменети. Направен е преседан бидејќи некој си дозволил да гласа така како што одговарало, а без разлика дали тоа влијаело на конечниот резултат на гласањето или не, вакво нешто особено во „Куќата на фудбалот“ е недозволиво.

Најмногу сомнежи во „местењето“ на изборот има кај шпанските медиуми од областа Каталонија. Кај нив прв доказ за ова е продолжувањето на рокот за гласање. Според нив токму тука се случило менувањето на работите во полза на Кристијано Роналдо.

Втор проблем е што гласовите на пет селектори се изменети. Се работи за стратезите на Фиџи, Кувајт, Доминиканска Република, Вануату и Боливија. Нивните гласови не се како што ги имаат дадено туку се како што некому му одговарало. Токму поради тоа и е направена целата приказна во која се доведува во прашање веродостојноста на податоците и на гласовите дадени од страна на дел од селекторите.


ГИ НЕМА ГЛАСОВИТЕ НА ГОИКОЧЕА

Селекторот на Екваторијална Гвинеја, Андони Гоикочеа, своите гласови ги има дадено уште во ноември. Тој соопшти пред шпанските медиуми дека има гласано за Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Андрес Иниеста. Сепак, во официјалниот список од ФИФА покрај неговото име ги нема гласовите.

Покрај селекторот, меѓу оние коишто гласале го нема и капитенот на Екваторијална Гвинеја, Нсуе. Според тоа, очигледно е дека нивните гласови не оделе во прилог, па се целосно избришани.

Сосема друг проблем, пак, е Тијаго Силва, кој како капитен на бразилската селекција требаше да ги даде гласовите. Тој не ги знаел добро правилата, па намерно не го дал својот глас за Нејмар иако мислел да го вклучи во тројката. Силва сметал дека не смее да гласа за играч кој е од неговата земја, па затоа го избегнал. Сепак, тука проблемот не е на ФИФА туку на неинформираноста на Силва.


Изборот е манипулиран

Легендата на бугарскиот фудбал Христо Стоичков, како и поголемиот дел од големите имиња на фудбалот се сомнева во веродостојноста на изборот за „Златна топка“.

„Изборот на оваа награда е манипулиран. Никој не ги оспорува квалитетите на Меси и на Роналдо. Тие се најдобри во светот. Сепак, она што ме тера да се замислам е кој гласа и на каков начин ги дава гласовите. Не знам како Рибери ќе се врати во Минхен по сето она што го има освоено и како одново ќе тренира. Јас самиот ја загубив трката во 1992 година. Еден од најголемите одбранбени фудбалери Паоло Малдини не ја освои наградата во 1996 година кога беше неприкосновен. Навистина сето ова ме боли многу. Јас ја освоив оваа награда во 1994 година, но по ова дојде Сеп Блатер, кој ги внесе во игра фудбалерите од целиот свет“, коментира Стоичков.

Шести случај на трофеј без титула

Кристијано Роналдо успеа да се најде во друштво на Стенли Метјуз, Денис Лоу, Кевин Киген, Герд Милер и Луис Фиго на листата на играчи кои ја освоиле „Златната топка“, а во годината претходно не освоиле титула.

Првиот пат вакво нешто се случи во 1956 година кога Стенли Метјуз се најде пред Ди Стефано со само три бода предност. Лоу беше пред Луис Суарез (Интер) во 1964 година, а шест години подоцна Милер ја доби наградата само со освоениот трофеј за најдобар стрелец во Бундес-лигата.

Во 1978 година Кевин Киген победи по неуспешна сезона со Хамбургер во која немаше трофеи, а во 2000 година Луис Фиго доаѓа до трофејот како играч на Реал Мадрид. Сега му се придружи и неговиот сонародник кој лани беше прв стрелец во Лигата на шампионите.


СЕЛЕКТОРИТЕ ЧИИ ГЛАСОВИ СЕ СМЕНЕТИ

ХУАН КАРЛОС БУЏЕТИ (ФИЏИ)

ГЛАСАЛ ЗА: Роналдо, Меси, Рибери

СПОРЕД ФИФА: Роналдо, Рибери, Левандовски

ЈОРВАН ВИЕИРА (КУВАЈТ)

ГЛАСАЛ ЗА: Меси, Роналдо, Ибрахимовиќ

СПОРЕД ФИФА: Меси, Нејмар, Роналдо

ДОМИНГО ЕРНАНДЕЗ (ДОМИНИКАНСКА РЕПУБЛИКА)

ГЛАСАЛ ЗА: Роналдо, Меси, Рибери

СПОРЕД ФИФА: Рибери, Роналдо, Фалкао

ПЕРСИ АВОК (ВАНУАТУ)

ГЛАСАЛ ЗА: Меси, Роналдо, трет нема

СПОРЕД ФИФА: Нејмар, Роналдо, Меси

АНДОНИ ГОИКОЧЕА (ЕКВАТОРИЈАЛНА ГВИНЕЈА)

ГЛАСАЛ ЗА: Роналдо, Меси, Иниеста

СПОРЕД ФИФА: Не е вклучен во списокот, а го нема и капитенот Нсуе.

ЧАБИЕР АКАРГОРТА (БОЛИВИЈА)

ГЛАСАЛ ЗА: Роналдо, Меси, Иниеста

СПОРЕД ФИФА: Иниеста, Меси, Роналдо



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...