Посмртните останки на Милошевски ќе бидат изложени во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“

Битола/Скопје, 15 март 2014 (МИА) - Посмртните останки на поранешниот голман и директор на фудбалската репрезентација на Македонија Петар Милошевски ќе бидат изложени утре во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје од 11.30 часот, а не во капелата на Градските гробишта Бутел како што беше претходно најавено.

Одлуката е по желба на семејството и поради голем интерес на јавноста и и на спортски работници кои сакаат да дојдат на последното збогување со македонскиот спортист кој загина завчера во сообраќајна несреќа кај Куманово.

Фудбалскиот клуб „Пелистер“ денеска во Битола одржа комеморативен собир за трагично загинатиот спортист Петар Милошевски, поранешен член на клубот и директор на фудбалската репрезентација на Македонија.

За фудбалската кариера на Милошевски пред спортската јавност во Битола, поранешни и сегашни тренери и фудбалери на ФК „Пелистер“, како и претставници на навивачката група „Чкембари“, пригодно обраќање имаше Зоран Мишевски, актуелен портпарол на клубот кој потсети дека Милошевски во првиот тим на ФК „Пелистер“ настапил на 16-годишна возраст.

- Смртта на Петар Милошевски е загуба на голем човек, голема личност и спортист кој беше пример за младите таленти. Петар покажа и докажа како треба да се гради култот кон репрезентативниот дрес, како треба да се биде капитен на македонската фудбалска репрезентација и како да се претставува својот град. Верувам дека Битола на соодветен начин и со вистинска иницијатива ќе овозможи да се памети Петар Милошевски, истакна Мишевски.

Во својата фудбалска кариера голманот Петар Милошевски освен во „Пелистер“ настапувал во „Вардар“, турските екипи „Трабзонспор“, „Малатијаспорт“ и „Себатспорт“, а во Кипар настапувал за „Енозис“, беше нагласено на денешниот комеморативен собир во Битола.

- Пролетта 1991 година Петар Милошевски учествуваше со младата фудбалска репрезентација на Македонија на неколку турнири, а веднаш потоа дебитираше како прв голман на ФК „Пелистер“ на натпреварот со ФК „Загреб“ во Загреб. Тогаш сите рекоа, ова дете ќе прерасне во голем голман и спортист. Така и беше, затоа тешка е оваа загуба, рече меѓудругото битолскиот спортски хроничар, новинарот Димче Миновски.

На денешниот комеморативен собир во Битола, ФК „Пелистер“ отвори и книга на жалост која ја потпишаа спортисти и љубители на спортот од овој град.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...