Рос Баркли на Енфилд за 38 милиони фунти?

Тимот на Ливерпул игра фантастично сезонава во Премиер-лигата и е на пат да ја освои титулата по пауза од 24 години, но челниците размислуваат истиот да доминира во наредните години па поради тоа подготвени се да го одврзат ќесето и да тргнат по засилувања. Според весникот „Дејли стар“, Брендан Роџерс размислува да „чепне“ кај градскиот ривал Евертон и да им го земе играчот од средниот ред Рос Баркли. Овој 20-годишен играч од средниот ред има неверојатна сезона во дресот на „карамелите“, а освен што си најде место во англиската репрезентација е цел и на неколку клубови меѓу кои Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.

„Карамелите“ не сакаат да го продадат својот бисер, но тие живеат од продажба на играчи, па енормна понуда нема лесно да ја отфрлат. Ливерпул планира да издвои дури 38 милиони фунти и на тој начин да го ублажи фактот што Баркли ќе прејде кај градскиот соперник, нешто што воопшто не би им се допаднало на навивачите во сино.

Доколку тоа се случи, ќе стане рекорден трансфер во историјата на Евертон или за осум милиони поскап од трансферот на Вејн Руни во Манчестер Јунајтед во 2004 година. Освен тоа би станал и најскапо засилување за „црвените“ во клупската историја и ќе ја надмине сумата од 35 милиони фунти платени за Енди Керол од Њукасл во 2011 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...