Сколари сака со победа да заборави на трагедиите

Домаќинот и прв фаворит за трофејот, репрезентацијата на Бразил во дуел против Хрватска го отвораат јубилејното 20. Светско првенство. Непосредно пред стартот на Мундијалот, селекторот на „кариоките“Луиз Фелипе Сколари претрпе семејна трагедија, откако во сообраќајна несреќа загина синот на неговата сестра. Теркизио Шнајдер возејќи го својот автомобил, удрил во камион и починал на лице место. Возачот на кампионот поминал без поголеми повреди.

Поради оваа трагедија, Сколари го напушти тренинг кампот на репрезентацијата, но е подготвен да го води тимот на дуелот против Хрватска. Смртта на Шнајдер не е единствената трагедија што го снајде семејството на Сколари. Пред две недели од рак почина неговиот зет.

Сега Сколари се надева дека токму на фудбалски план ќе има можност да се израдува на убави вести, односно на триумф против Хрватска.

ДОМАЌИНИТЕ ЕДНОГЛАСНИ: МОРА ДА ПОБЕДИМЕ

Најголемиот дел од фудбалската светска јавност типува дека Бразил не само што е фаворит против Хрватска, туку дека тие се и најголеми претенденти да се најдат на завршниот меч кој на 13 следниот месец ќе се игра во Рио де Жанеиро. Од таборот на двете селекции со нетрпение го очекуваат стартот на првиот меч и се желни да ги покажат квалитетите кои ги поседуваат. На вакви натпреварувања, првиот меч може да биде еден од потешките, па затоа Бразилците се претпазливи, но веруваат во триумф.

„Мора да победиме во првиот меч. Ако ги освоиме трите бода, тогаш и со евентуален кикс во следните два меча, ќе продолжиме понатаму. Против Хрватска мора да започнеме со притисок од првиот момент. Подготовките ги одработивме како што треба и сега тоа треба да го покажеме на натпреварите“, вели селекторот на домаќинот, Луиз Фелипе Сколари.

КОВАЧ: НЕМА ШТО ДА ЗАГУБИМЕ

Хрватска ја доби можноста да биде противникот на петкратниот светски првак во дуелот со кој се означува стартот на планетарниот собир. Селекторот Нико Ковач вели дека тоа им е дополнителен мотив. „Коцкестите“ секогаш имале инспирација да се покажат во најдобро светло на големите натпреварувања.

„Чест ни е што го отвораме првенството. Ние нема што да изгубиме. Целиот притисок е кај противникот. Публиката од нив ќе бара да победат и затоа ќе јуришат на нашиот гол. Ние мора да ги искористиме нашите шанси“, вели Ковач.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...