Англија поразена од Италија

Репрезентацијата на Италија успеа да стигне до победата во „дербито“ на првото коло на Светското првенство во Бразил. Во дуелот на екс шампионите (заедно имаат пет титули) ноќеска Италија во Манаус славеше со 2:1.

Головите за „азурите“ ги постигнаа Клаудио Маркизио во 35.минута и Марио Балотели во 50.минута, додека стрелец за Англија во 37.минута беше Даниел Стариџ.

На вториот натпревар во групата „Д“ одигран синоќа изненадување направи Костарика, која со 3:1 го победи Уругвај кој водеше со голот на Единсон Кавани во 24.минута од пенал. Во 54.минута изедначи Џоел Кембел, а три минути подоцна Оскар Дуарте донесе водство од 2:1. Конечните 3:1 ги постави Маркос Урења во 84.минута.

Во групата Д по три бодови имаат Италија и Костарика, а без бодови се Англија и Уругвај.

Во Ресифе, Брегот на Слоновата коска ја победи Јапонија со 2:1, иако Јапонците водеа од 16.минута со голот на Хонда. Пресвртот беше направен за три минути со головите на Вилфред Бони (64.минута) и на Жервињо (66).

Во групата Ц Колумбија ја совлада Грција со 3:0. Во оваа група Колумбија и БСК имаат по три бодови, а Јапонија и Грција се без бод.

Денеска на Мундијалот се играат три натпревари: Швајцарија – Еквадор (Е група - 18 часот), Франција – Хондурас (Е група - 21 часот) и Аргентина – Босна и Херцеговина (Ф група – 24 часот).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил еден ден малиот Игорче од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: "Ве молам, научете го Игорче која е разликата меѓу машко и женско".
Мајка му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...