Џерард ја објави репрезентативната пензија

Фантастичниот играч за врска Стивен Џерард се откажа од репрезентацијата на Англија по 14 години минати во дресот на Трите лава. 34-годишниот фудбалер на Ливерпул запиша 114 натпревари и 21 гол за репрезентацијата, а по завршувањето на Светското првенство во Бразил одлучи да стави крај на кариерата во селекцијата на Рој Хоџсон и комплетно да се посвети на клупските обврски.

 

„Уживав во секоја минута од натпреварите за репрезентацијата и за мене ова е тажен ден бидејќи знам дека повеќе нема да го облечам дресот на Англија на официјален натпревар. Прво сакам да се заблагодарам на моето семејство и пријателите за тоа што ме поддржуваа во изминатите 14 години додека играв за националниот тим и на сите селектори и експерти со кои работев, како и на сите соиграчи. Навивачите ја заслужуваат мојата најголема благодарност бидејќи беа фантастични до последниот момент, особено во Бразил, каде што го поддржаа тимот и покрај лошите резултати. Специјална благодарност упатувам во Хоџсон, кој ме направи капитен што ми овозможи да го исполнам сонот од детството“, вели Џерард меѓудругото во соопштението до јавноста.

Џерард настапи со Англија на три светски првенства и на три европски. Беше капитен на „Гордиот албион“ на 38 натпревари. Во знак на почит Фудбалската асоцијација на Англија му понуди да работи како амбасадор на репрезентацијата.

„Џерард е неверојатна личност и фантастичен фудбалер кој многу ќе ѝ недостасува на англиската репрезентација. Тој е вистински пример за тоа кон кој пат треба да одат помладите фудбалери. Со тага ја прифаќам неговата одлука, но му посакувам сè најдобро во иднина“, изјави Хоџсон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...