Легендата на Фиорентина, Габриел Батистута беше примен во Холот на славните во клубот, екс фудбалерот на „виолетовите„ но не можеше да ги сокрие солзите радосници на самата церемонија.
Батистута присуствуваше на самата церемонија во Фиренца, а по говорот коо го даде пред присутните тој се расплака држејќи го дресот во раката.
-„Среќен сум што и официјално влегов во историјата на клубот. Бев возбуден кога го добив повикот да ја примам наградата но сега не можам да си ги смирам емоциите“, изјави Батистута.
Аргентинецот го носеше дресот на Фиорентина до 1991-ва до 2000-та година а на 269 натпревари постигна 168 гола.
Погледнете.