Ибраими не игра со Словачка

„Не се чувствувам добро. Треба да паузирам 10 дена“, изјавува играчот на Марибор кој единствен нема да дојде на вечерашната прозивка за следниот квалификациски циклус

Македонскиот национален тим денеска се собира за подготовките за квалификацискиот натпревар против Словачка на 15 ноември. Уште на почетокот селекторот Бошко Ѓуровски се соочува со голем проблеми околу составот. Денеска на прозивката закажана во 20 часот во хотелот „Плаза“ ќе го нема Агим Ибраими. Фудбалерот на Марибор по дуелот со Челзи во Лигата на шампионите и бодот освоен со лондонскиот тим, веднаш доби инфузија, а не беше во комбинација за Марибор на вчерашниот меч против Крка во словенечкиот шампионат. Ибраими и натаму е незалечен од пневмонија на градите, и нема да настапи на следниот квалификациски меч на нашата селекција.

„Не се чувствувам добро. Веднаш по мечот со Челзи завршив во болница и уште не сум подготвен. Тешко дека ќе можам со Словачка, многу веројатно дека нема да играм. Жал ми е што ќе го пропуштам овој натпревар“, ни изјави нашиот репрезентативец.

10 ДЕНА ПАУЗА

Резултатите од лекарските прегледи на Агим Ибраими покажуваат дека му е потребна пауза од 10 дена. Со оглед на пеколното темпо со неговиот тим во словенечкиот шампионат и во Лигата на шампионите, мора да мирува за да биде подготвен за следните предизвици.

„Лекарите ми рекоа дека морам да паузирам 10 дена. Бев на дополнителни прегледи и денеска ги чекам резултатите меѓутоа ситуацијата не е добра. Згора на тоа реков дека не се чувствувам добро и не сум подготвен“, вели Ибраими.

Лекарските прегледи му покажаа ниска референтна вредност на леукоцити во крвта и пневмонија на градите.

Ибраими не играше ниту на мечот со Украина поради повреда на тетивата, а со Луксембург беше сменет на полувремето. Тоа значи дека Ибраими ќе го пропушти и вториот меч во овој квалификациски циклус. Ибраими до сега има постигнато еден гол во квалификациите и тоа со Шпанија од белата точка кога намали на 2:1.

Денеска е собирот на националниот тим, а од утре селекцијата почнува со тренинзи. Селекторот Бошко Ѓуровски ќе мора да бара ново решение односно да вика дополнителен играч за дуелот со лидерот во нашата квалификациска група.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Женска логика

Патувам со градски.
Преполн е и баш не ми се турка до апаратот за да ја поништам картата.
Ќе ја замолам жената пред мене да ја поништи.
Како да и се обратам,...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
330.- Константинопол (сегашен Истанбул) стана...
1896.- Во Чаковец е роден Јосип Славенски,...
1904.- Во Фигерас е роден е Салвадор Дали,...
1916.- Умре Макс Регер, германски композитор на...