Барселона ја руши непобедливоста на „Местаља“

Барселона утревечер ја очекува тежок тест да докаже дека има тим за шампионски дострел. Каталонскиот гигант гостува кај Валенсија, во мечот кој е дерби на колото во Примера дивисион. И останатите две екипи кои се во конкуренција за највисок пласман ги очекуваат тешки средби. Атлетико дома игра против Депортиво ла Коруња, додека Реал Мадрид гостува кај Малага.

МЕСИ НЕМА ДА БРКА НИКАКОВ РЕКОРД

Лионел Меси повторно треба да биде предводник на Барселона, но овој пат Аргентинецот нема да брка никаков рекорд. На последните два меча Меси даде вкупно шест гола и сруши два рекорди. Тој е најдобар стрелец во историјата на шпанската Примера надминувајќи го 60 години стариот рекорд на Телмо Зара. Популарниот лео стана и прв стрелец во историјата на Лигата на шампионите. Сега предводникот на Барселона нема да брка нов рекорд, но секако дека ќе сака да остане во голгетерски ритам и на „Местаља“.

Барселона ќе биде без повредениот Андрес Иниеста, но тимот покажа дека и без него можат да бидат многу ефикасни. Покрај Меси во одличен ритам се и останатите двајца офанзивци на каталонците. Луиз Суарез и Нејмар сакаат да го следат Меси во чекор.

ВАЛЕНСИЈА НАЈДОБАР ДОМАЌИН СЕЗОНАВА

Секогаш кога гостувала во Валенсија, Барселона играла тежок натпревар. Затоа и сега се очекува возбудлив и неизвесен дуел бидејќи и домаќините имаат квалитетен состав. Стадионот „Местаља“ секогаш бил бастион кој е многу тешко да го освојат противниците. Сезонава во досегашните шест меча пред своите навивачи, Валенсија има пет победи и едно реми. Во секоја од петте победи, популарните „лилјаци“ даваа минимум по три гола. Единствено Атлетик Билбао успеа да остане непоразен на овој стадион сезонава во дуел кој заврши без голови.

САМО ДВЕ ПОБЕДИ ВО СЕДУМ ГОДИНИ

Во последниве седум години Барселона само двапати успеала победнички да мине во Валенсија, податок кој само докажува дека се очекува многу неизвесен дуел. Сепак тоа не значи дека Валенсија е доминантна на свој терен против Барселона, туку напротив. Ако Барселона во последниве седум години се радувала двапати, Валенсија ниту еднаш не излегла како победник. Дури шест меча завршиле нерешено. Последен пат Валенсија им донела радост на своите фанови во март 2008 година, кога со 3:2 победија во меч од Купот на Шпанија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...