Симеоне: Атлетико ќе биде меѓу првите три

И покрај слабите резултати во последно време тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, верува дека до крајот на шампионатот ќе заземат едно од првите три позиции кои гарантираат директен пласман во Лигата на шампионите. Викендов Атлетико одигра 0:0 на гостувањето кај Еспањол и падна на четвртото место на табелата во Примера. Третопласирана сега е Валенсија со поен повеќе.

„Не сме го загубиле третото место затоа што првенството не е завршено. Верувам дека ќе бидеме во топ 3 и ќе обезбедиме директно учевство во Лигата на шампионите и догодина“, изјави Симеоне откако неговата екипа четврти меч по ред е без победа.



„Валенсија не помина и јас можам да го поздравам секој тим што игра добро. Факт е дека во последно време имаме проблеми пред противничките голови. Но, против Еспањол се преставивме добро. Бевме ментално силни и ја контролиравме играта, имавме многу шанси кои не ги искористивме. Бевме подобри кога игравме 11 на 11, но и кога имавме играч помалку. Исто така морам да го пофалам и нивниот голман (Кико Касиља), кој беше извонреден. Тој е еден од најзаслужните што Еспањол не загуби“, изјави Аргентинецот, кој сега ќе го подготвува тимот за осминафиналниот меч во ЛШ против Баер (ќе брка негатива 1:0).

БУЕНО Е НАЈДОБАР СТРЕЛЕЦ НА РАЈО

Младиот фудбалер на Рајо Ваљекано, Алберто Буено, е најдобриот стрелец на клубот во Примера откако викендов стигна до 15 погодоци. Напаѓачот кој потекнува од школата на Реал Мадрид се пронајде во помалиот тим од Мадрид и сезонава редовно ги тресе противничките мрежи.

Буено постигна дури седум гола на последните три натпревари во Примера. Четири даде против Леванте, еден против Барселона и два во победата на неговиот тим над Гранада во оваа сабота.



БАРСА Е ЛИДЕР ПРЕД ЕЛ КЛАСИКО

Барселона го сочува првото место во Примера со победата над Еибар со 2:0 и како лидер ќе го пречека Реал Мадрид идната недела. Лионел Меси постигна два гола од кои еден од пенал. Она што е најважно Барселона има четири бода предност во однос на Реал пред меѓусебниот дуел закажан за 22 март.

„Задоволен сум што тимот е во форма и подготвен го чека ’Ел Класико’. Нема да го потцениме Реал поради сите проблеми кои ги имаат. Тие се силен одмор и верувам дека ќе бидат мотивирани против нас“, изјави тренерот Луис Енрике, кој одговори на критиките дека Барса не била на нивото.

„Јас не се согласувам со критиките дека сме играле бавно против Еибар. Прашајте ги фудбалерите на Еибар дали им беше бавно темпото“, додаде Шпанецот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...