„Топчиите“ мора да пукаат до три

Изненадувачките 3:1 во корист на Монако на првиот натпревар со Арсенал во Лондон најавува интересен реванш во кој „топчиите“ немаат друг избор освен да нападнат од стартот на средбата и да се обидат да постигнат дури три гола на „Луј Втори“ во Монако.

Ако се има предвид фактот дека Монако сезонава има примено само два гола на вкупно седум натпревари јасно е дека оваа мисија за Арсенал ќе биде неверојатно тешка и доколку Венгер сака да продолжи со момците во следната рунда сè ќе мора да биде перфектно.


ДА СЕ ЗАПРЕ ЖИРУ

Во Монако се веќе подготвени за она што им претстои и сите вести велат дека добро е познато откаде ќе доаѓаат најголемите опасности. Бербатов на првиот меч покажа дека не заборавил како треба да игра против Арсенал, а и сега најавува интересна средба.

„Убеден сум дека Арснеал ќе влезе напаѓачки во овој натпревар уште од првата минута. Мора да го направи тоа за да го надомести големото заостанување. Ние мораме да го избегнеме ова и да бидеме далеку подобри од првиот меч. Ако ги потцениме и им дадеме тие да го диктираат темпото ќе ни биде навистина тешко и дефинитивно ќе биде тешко за нас. Тогаш можеме да настрадаме“, вели Бербатов.



Тој смета дека мора да биде запрен Жиру доколку се сака позитивен епилог.

„Наша основна цел денеска треба да биде да го запреме Оливие Жиру. За него ова е посебен натпревар бидејќи ќе сака да ги поправи грешките кои беа направени на првиот натпревар. Затоа ние мораме да заборавиме на предноста од 3:1 на првиот натпревар и да влеземе максимално во овој натпревар и да нема никакво опуштање“, изјави Бербатов.

ВО АРСЕНАЛ ОЧЕКУВААТ ДОБРА СРЕДБА

Гостите, пак, како свој адут го имаат Жиру. Тој знае како е да се игра на „Луј Втори“ бидејќи има играно таму, па ова му е шанса за потсетување на времињата пред заминувањето во Лондон. Од него денеска се чекаат голови, а доколку успее да го одигра она што се очекува, тогаш ништо нема да биде невозможно.

„Фудбалот е спорт каде што менталитетот мора да дојде до израз. Мотивот мора д биде на високо ниво. Мораме да се соочиме со тешкотиите и да одиграме далеку подобро отколку на првата средба. На моја адреса имаше многу критики, но јас не се оптоварувам со она што го пишуваат за мене. Се трудам на теренот да го оставам најдоброто и таму да го дадам одговорот. Очекувам денеска да одиграм далеку подобро“, вели Жиру.



ДА СЕ ПОПРАВАТ ГРЕШКИТЕ

И Венгер знае како е да се игра против Монако на негов терен бидејќи на почетокот на кариерата работеше во овој тим.

„На првиот натпревар мислам дека премногу сакавме да направиме разлика и сè да решиме уште во Лондон и заборивавме на нашите основи на играта. На првата средба одигравме премногу отворано и оставивме простор за противникот кој нè казни. Мораме да ги поправиме овие работи за реваншот иако мораме да нападнеме повторно. Ќе мораме да се одбраниме добро и да бараме шанси за што повеќе можности за гол. Момците се подготвени да одговорат на предизвикот, а вечерва ќе се види дали може да го оствариме посакуваното“, најавува Венгер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...