„Старата дама“ сака да брои милиони

Победата од 2:1 на Јувентус на домашен терен против Борусија може да биде и голема предност за реваншот кој треба да се одигра денеска, во Дортмунд. „Милионерите“ се соочуваат со шампионот на Италија, за кој ги врзува само еден убав момент, и тоа од 1997 година кога успеаја да победат во Лигата на шампионите.

По толку време и со сосема изменети улоги и целосно различна игра двете екипи се судираат во финална пресметка за место во четвртфиналето. Место има само за еден состав, а прашање е кој успеал да се подготви подобро за реваншот.



ПОТЕНЦИЈАЛ ЗА ЧЕТВРТФИНАЛЕ

Борусија сезонава игра сосема различно во Бундес-лигата, а далеку поубедливо во Лигата на шампионите. Сепак, негативата од еден гол ќе мора да се надомести, а тоа некогаш може да биде и многу тешко.

Со вакви мисли е и тренерот на Борусија Дортмунд, Јирген Клоп, кој е убеден дека неговите фудбалери знаат како да го елиминираат шампионот на Италија. Тој верува дека на крајот од реваншот Борусија ќе биде тимот што ќе оди во четвртфиналето.

„Мирен сум бидејќи имаме потенцијал да продолжиме напред. Ова е натпревар на кој ќе треба да се покаже квалитетот и да се види дека знаеме како против Јувентус. Подготвени за сме за натпреварот и верувам во моите момци дека денеска ќе се радуваме. Не знам дали ова ќе биде драматичен натпревар во текот на сите 90 минути, а доколку и во финишот биде возбудливо значи дека ние сè уште имаме шанса да стигнеме до место во следната рунда“, вели Клоп.



НАПАДОТ ДА БИДЕ ПОЕФЕКТИВЕН

Дека мотивот е на високо ниво потврдуваат и фудбалерите коишто исто се оптимисти околу епилогот на денешниот дуел.

„Убеден сум дека на овој натпревар против Јувентус можеме да дојдеме до победа. Знаеме дека Јуве поради предноста од 2:1 ќе игра повлечено и ќе се обиде да го затвори просторот. Затоа наша цел е да се обидеме да најдеме дупки во нивната поставеност и да дојдеме до шанса за гол“, рече Кевин Кампл.

И „чуварот на мрежата“ на домашните најавува убав натпревар, но очекува неговите колеги од нападот да бидат на далеку повисоко ниво од досега.

„Успеавме да ја средиме одбраната и играме добро во последно време. Сепак, мораме да го кренеме нивото на игра и во нападот и да создаваме повеќе шанси. Верувам во моите колеги и вечерва очекувам позитивен епилог“, изјави пред денешниот дуел голманот на Борусија, Роман Вајденфелер.



И ГОСТИТЕ СО ГОЛЕМ ОПТИМИЗАМ

Она што е уште поинтересно е дека со истите размислувања се и во таборот на Јувентус. И Италијанците велат дека тие се убедени дека денеска ќе дојдат до триумф и ќе се пласираат во следната рунда. Алегри ќе има вистински предизвик, а останува да се види дали неговите момци ќе одговорат на потребното особено ако се знае дека денеска го нема Пирло во тимот.

„На дуелот со Палермо видов неколку работи, а знам дека мораме да бидеме далеку подобри на технички план и многу поагресивни на секој дел од теренот. Свесен сум дека ова ќе биде многу тежок натпревар, но сметам дека имаме добри шанси да успееме да се пласираме во четвртфиналето. Одлично ги познавам квалитетите на Борусија како тим, но и на сите поединци. Затоа на овој дуел ќе треба да покажеме одличен баланс, но и да имаме малку среќа за да успееме да постигнеме гол. Тоа е голем предизвик за нас и можам да кажам дека ние сме мотивирани и веруваме во успех денеска“, изјавува Алегри пред денешниот меч.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...