Четвртфиналето без англиски екипи

Исто како и во сезоната 2012/13 и сега ЛШ остана без тимови од островот уште по комплетирањето на осминафиналето

Идентично како и пред две сезони и во оваа Англија ќе биде без претставник во четвртфиналето каде што доминираат тимовите од Шпанија кои се вкупно три на број. Барселона им се приклучи на Реал Мадрид и Атлетико Мадрид откако си обезбеди севкупен триумф против Манчестер Сити, па втора година по ред го исфрли од натпреварите во Лигата на шампионите во осминафиналето.



Шансите на Сити дека ќе стори нешто повеќе не реваншот беа намалени во 31. минута кога Ракитиќ успеа да казни невнимание на одбраната на Манчестер Сити, а тој погодок донесе убава предност за Каталонците кои имаа контрола на играта во текот на целата средба.

Пелегрини погреши веројатно уште на стартот. Повторно не се осмели да тргне со офанзивна формација во која ќе го има и Един Џеко. Почна само со Агуеро во нападот, кој делуваше немоќно покрај Матје и Пике, а тука редовно беше и Маскерано кој помагаше и во средниот ред и во одбраната.

Само со Агуеро, Сити не можеше да пробие туку мораше да очекува контранапади, кои ги немаше бидејќи голот на Ракитиќ и овозможи на екипата на Барселона да игра смирено и да не се впушта во непотребни ризици во нападот.

Единствениот кој се обидуваше да стори нешто, но најчесто со шутеви од далечина беше поранешниот фудбалер на Барселона, Јаја Туре, кој за жал на својот тим не беше доволно прецизен.



Среќата на моменти беше и сојузник на тимот на Сити бидејќи и играчите на Барселона немаа свој ден бидејќи не искористија неколку шанси кои веќе беа видени со погодок.

Од друга страна и голманот Харт одлично бранеше, па успеа да го спаси својот тим од далеку поголем пораз.

КОШМАРОТ ЗА ПЕЛЕГРИНИ ОСТАНА

Екипата на Барселона остана кошмар за Мануел Пелегрини бидејќи и во четвртиот меч како тренер на Манчестер Сити претрпе пораз. Покрај тоа има лоши спомени и од периодот кога беше тренер на Реал Мадрид така што ова е уште една лоша сезона за него во ЛШ.

Пелегрини пред дуелот против Барса најави дека очекува отказ доколку не успее против Каталонците, а денеска може да се очекува да добие честитка од своите газди.

ТЕВЕЗ ЈА НОКАУТИРАШЕ БОРУСИЈА

Шампионот на Италија полека, но сигурно се враќа на старите патеки во Лигата на шампионите, а синоќа иако без Андреа Пирло успеа да се избори за втор триумф против Борусија Дортмунд. Тимот кој сезонава игра променливо и во Бундес лигата, одново не успеа да се избори за позитивен резултат против Јувентус, па уште еднаш мораше да се прости со натпреварите во ЛШ.



Карлос Тевез беше фудбалерот што ги замолкна трибините во Дортмунд откако непречен од никого од дваесетина метри пласираше под пречката. Голманот на домашните Роман Вајденфелер беше немоќен да интервенира, а лошата поставеност на одбранбените играчи само помогна Тевез рано во натпреварот да го отвори резултатот и да донесе огромна предност за Јувентус на гостувањето.

Тоа беше гол за 3:1 во вкупниот резултат за Јувентус така што стана јасно дека Борусија ќе мора многу да менува во играта доколку сака да дојде до позитивен епилог на овој натпревар.

Судбината на „милионерите“ им ја запечати Алваро Мората, кој имаше шанси и пред погодокот во 70 минута. Со 2:0 на 20 минути пред крај од мечот веќе беше јасно дека на овој меч нема продолженија, но и дека Борусија нема шанси за место во следната рунда.

Во 79. минута од натпреварот Карлос Тевез уште еднаш успеа да го матира Роман Вајденфелер за 3:0 така што беше играчот кој го реши двобојот и го однесе Јуве во следната фаза.

ЕЛИМИНАЦИИТЕ ОСТАНАА ПРОБЛЕМ

И пред мечот беше познат фактот дека Борусија Дортмунд на двобоите против Јувентус има негативен биланс кога се играат два меча. Редовно „милионерите“ не успеваат да стигнат до место понатаму, а тоа се случи и во ова осминафинале, па тоа го однесе Јувентус во следната рунда. Финалистот од 2013 година ќе почека за следно финале, а според тоа како играат сезонава фудбалерите на Борусија Дортмунд тешко дека ќе успеат да си обезбедат и место во ЛШ за следната сезона.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...