МЗТ Скопје или Цедевита до првата победа оваа сезона во АБА лигата

Загреб, 6 октомври 2016 (МИА) - Пресметката на МЗТ Скопје и Цедевита, закажана за попладнево во Загреб (17 часот) ќе биде дуел на две екипи кои сезоната во АБА-лигата ја почнаа со два порази. Натпреварот е шанса за делумен излез од кризата за четата од Скопје, што воопшто нема да биде лесно, првенствено поради квалитетот на загрепчани, но и поради некомплетноста на составот кој на располагање ќе го има тренерот Емил Рајковиќ.

Во него повторно ќе го нема Ѓорѓе Дреновац поради повреда на бутниот мускул на левата нога додека во хрватската престолнина нема да настапи ниту Јуре Лалиќ, поради скршеница на носот добиена на вчерашниот дуел со Партизан.

- Факт е дека се наоѓаме во тежок период, по поразите во двата стартни натпревари од новата сезона во АБА-лигата. Нема да ни биде полесно ниту во иднина со оглед на тоа што сме приморани да играме без двајца исклучително важни играчи, Ѓорѓе Дреновац и Јуре Лалиќ, кои се повредени. Наша цел на мечот со Цедевита е да пробаме барем делумно да се извлечеме од кризата, едноставно да почнеме да играме кошарка на начин со кој би тргнале нанапред, изјави Рајковиќ.

Ова ќе биде деветта пресметката на МЗТ Скопје Аеродром и на Цедевита во АБА-лигата, а скорот од досегашните средби е 6:2 за хрватскиот тим.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На заставник во војска му требале ситни пари за кафе. Забележал обичен војник кој бришел под во касарната и го прашал:
- Војник, дали имаш да ми раситниш 100 денари?
- Аха.
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1536.- Отсечена и е главата на Ана Болен, втората...
1649.- За првпат е употребен називот...
1762.- Роден е Јоахн Готлиб Фихте, еден од...
1802- Наполеон Бонабарта во Франција го...