МЗТ Скопје побара итно свикување Собрание на АБА за прием во елитата

Управата на МЗТ Скопје Аеродром денес упати официјален допис до АБА-лигата и до сите екипи кои настапуваат во прволигашката конкуренција од ова натпреварување, со цел да се свика итен состанок на Собранието на АБА на кое би се разговарало за најавеното откажување на Копер Приморска и на кое само би се потврдила веќе донесената одлука за влез на „сино-белите“ меѓу најдобрите на просторот на поранешна СФРЈ.



Во продолжение го пренесуваме во целост соопштението на МЗТ Скопје:

– Од разговор со клубовите како и од медиумите од регионот, неофицијално, дознавме за проблематичната ситуација со Копер Приморска, за нивното распуштање на екипата, односно за најавата на овој клуб дека ќе се повлече од настапот во АБА-лигата.

Поради ова, како еден од основачите на ова натпреварување и како ко-сопственик на акционерското друштво АБА ЈТД, би сакале да ја нагласиме потребата за итен состанок на Собранието на АБА ЈТД, на кое би се разговарало на оваа тема и на кое, ако се потврдат претходните најави, само формализира веќе усвоената одлука за промовирање на МЗТ Скопје Аеродром во Првата АБА-лига. Како што сте запознаени, на Собранието одржано на 16 јули 2020 година, беше решено МЗТ Скопје Аеродром да добие специјална покана за Првата АБА-лига во ситуација некоја екипа да се откаже, а што сега би се можело да се случи. Согласно тоа, очекуваме дека следниот собир на Собранието на АБА ЈТД-лигата, за која веруваме дека ќе се случи во најкус можен рок, само формално ќе ја спроведе оваа одлука.

Навистина ни е жал за ситуацијата во која се најде Копер Приморска, тим кој пред две сезони ни беше голем конкурент за пласман во елитата, кога играме во финалето од плејофот во АБА2-лигата. Како конкуренти се уверивме во сјајниот квалитет на овој тим, како и во одличната организациска структура која стоеше зад него

Но, како што разбравме, челниците на Копер Приморска веќе најавиле откажување од АБА-лигата, нешто што реално висеше во воздух неколку месеци наназад. За нашиот клуб, играњето во регионалното натпреварување е од огромно значење, поради што сакаме да имаме чиста слика за тоа каде ќе настапуваме, со цел да се организираме на највисоко ниво и пред сѐ да (до)обезбедиме средства за што поквалитетен настап против големите имиња кои настапуваат во Првата АБА-лига.

Оваа лига е вистински дијамант со непроценлива вредност, чиј сопственик сме сите заедно, поради што мораме да ја штитиме и да ѝ овозможиме да вреди уште повеќе на кошаркарскиот пазар. АБА е производ на кој ни завидуваат сите други спортови, со стабилни финансии, поради што наша обврска е да дадеме сѐ од себе таа од ден на ден да биде уште посилна.

Како клуб, чија главна цел секогаш била играње во елитното јадранско друштво, се надеваме дека ќе го прифатите нашиот апел и ќе поддржите свикување итен состанок на Собранието на АБА ЈТД, на кое само формално ќе биде потврдена одлуката за прием на МЗТ Скопје Аеродром. Тоа, секако, би било прифатено со еуфорија не само од нашите навивачи, туку и од целата спортска јавност во Македонија, која со нетрпение сонува да ги види своите миленици како играат против најсилните клубови од регионот, стои во дописот до АБА-лигата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...