Левски го сака Гечевски по секоја цена!

Иако во текот на европскиот шампионат во Литванија, Тодор Гечевски заработи сериозна повреда на зглобот на левата рака и десниот лакот, тоа нема да ги спречи челниците на клубот од Софија да го ангажираат македонскиот херој.

Екипата на Левски, актуелен вицешампион и еден од најпознатите клубови во историјата на кошарката во Бугарија, е силно заинтересирана во своите редови да го донесе Тодор Гечевски.

Според шефот на стручниот штаб на "левскарите", Константин "Тити" Папазов, повредата која 34-годишниот македонски репрезентативец ја доби за време на ЕП во Литванија не е ниту, пак, ќе биде проблем за реализација на договорот со Гечевски.

"Тој факт во никој случај нема да го попречи неговиот трансфер во Левски"- кажал Папазов во интервју за едно бугарско радио."Левски докажал дека е клуб со многу висок морал. Тоа што тој се повреди, а договорот де-факто не беше потпишан, не е проблем. Оттука па натаму, дури и да сме се колебале, моралот не задолжува да го ангажираме. Друго е прашањето дека нема таков човек кој може да се двоуми за Гечевски. Пред се затоа што сметам дека тоа е еден од најголемите македонски кошаркари и дека ќе биде многу корисен за нашиот клуб"- дополни популарниот Тити.

Папазов со признание за тоа дека Левски многу порано пред почетокот на Евробаскетот имал постигнато вербален договор со нашиот репрезентативен центар.

"Договорот со него беше јасен многу одамна. Тој даде збор, а луѓето кои ги водеа разговорите си подадоа рака. Радосни моменти се што неговата контузија полека станува минато. Се надеваме дека уште во првата недела од октомври тој ќе може да тренира со нас"- вели Папазо, кој најавува дека Гечевски ќе биде во Софија веќе в среда, за кога е закажан оној проштален натпревар на Георги Младенов-Жоро, во кој ќе играат токму Левски и европскиот шампион Панатинаикос.

"Пред тоа Гечевски ќе биде со нас в среда на оној натпревар во чест на Жоро. Пред се затоа што сметам дека тој како играч на Левски, и Марин Докузовски, кој мина доста години во Бугарија, исто така треба да бидат почестени. Ќе го искористиме тој голем форум за бугарската кошарка да го оцени тоа што го направи Македонија на ЕП. А тоа е нешто големо"- додава на крајот Папазов за медиумите во Бугарија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На заставник во војска му требале ситни пари за кафе. Забележал обичен војник кој бришел под во касарната и го прашал:
- Војник, дали имаш да ми раситниш 100 денари?
- Аха.
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1536.- Отсечена и е главата на Ана Болен, втората...
1649.- За првпат е употребен називот...
1762.- Роден е Јоахн Готлиб Фихте, еден од...
1802- Наполеон Бонабарта во Франција го...