Русија прва контрола за македонските кошаркари

Македонската кошаркарска репрезентација со подмладен состав попладнево во Каунас (Литванија), ќе го одигра првиот од двата контролни натпревари во рамките на подготовките за Олимпискиот квалификациски турнир во Каракас (Венецуела). Противник на Македонија ќе биде репрезентацијата на Русија.

Без Перо Антиќ, Тодор Гечевски, Влатко Илиевски и Лестер Бо Мекејлеб, селекторот Марјан Лазовски на овие контролни натпревари ќе има можност да ги провери квалитетите на неколкумина дебитанти, како Стојан Ѓуровски, Тод Зафировски, но и 15-годишниот Кристијан Николов.

Покрај нив во Канунас отпатуваа и: Александар Костовски, Маркиз Грин, Дарко Соколов, Марко Симоновски, браќата Војдан и Дамјан Стојановски и триото центри Ѓорги Чековски, Кирил Николовски и Предраг Самарџиски.

Почетокот на натпреварот Македонија – Русија е во 17 часот и 30 минути, а два дена подоцна (в сабота) македонските кошаркари ќе одиграат контролен натпревар и со Литванија.

Токму селекциите на Русија и Литванија, се едни од главните конкуренти за трите места на турнирот во Каракас, преку кои се обезбедува пласман на Олимписките игри во Лондон.

Во Каракас на турнирот од 2 до 8 јули ќе учествуваат 12 репрезентации. Македонија во првата (групна) фаза ќе игра против Нов Зеланд и Ангола.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На заставник во војска му требале ситни пари за кафе. Забележал обичен војник кој бришел под во касарната и го прашал:
- Војник, дали имаш да ми раситниш 100 денари?
- Аха.
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1536.- Отсечена и е главата на Ана Болен, втората...
1649.- За првпат е употребен називот...
1762.- Роден е Јоахн Готлиб Фихте, еден од...
1802- Наполеон Бонабарта во Франција го...